Енергетски топчиња со гоџи бобинки
Состојки:
1 чаша бадеми или ореви (претходно треба да отстојат 6-8 часа во вода)
¼ чаши какао (парчиња)
¼ чаша семе од коноп
¼ чаша сушени гоџи бобинки
2 лажици какао во прав
1-2 лажици кокосово масло
прстофат хималајска сол
7-8 урми, претходно омекнати во вода и исчистени
Подготовка:
Сите состојки се мелат во блендер. Од добиената смеса се формираат топчиња.