Изменетата верзија на популарната ,,дрога за журки,,, МДМА, уште попозната и како Екстази, се покажала како многу ефикасна во терапијата при неколку видови рак на крвта.

– Можноста за да лекуваме ракови со лек добиен од Екстази е навистина возбудлива идеја – вели докрот Дејвид Грант, директор на истражувања поврзани со леукемија и лимфоми за невладина организација која ја има финансирано неговата студија.

Многу видови лимфоми многу тешко се лекуваат и потребни ни се лекови кои не се токсични, кои се ефикасни и кои немаат нус-појави. Потребно е уште многу да се работи на тоа, но ова истражување е значаен чекор во развивањето на силен нов лек против ракот.

Научниците од Универзитетот во Бирмингем уште во 2006 година откриле дека Екстази, некои антидепресиви и некои пилули за губење на тежќината ги уништуваат канцерогените бели крвни зрнца. Но, дозите кои се потребни за постигнување на овој ефект биле толку многу високи, што би биле смртоносни за пациентот.
Стручњаците од Универзитетот во Бирмингам се поврзале со научниците од Западна Австралија и започнале да работат на модифицирана верзија на оваа популарна психоактивна супстанција. Заедно успеале да направат облик на МДМА кој е 100 пати поефикасен во борбата против ракот од обичната верзија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина