Убавиот задник изгледа одлично, но тешко е да се изгради. Губењето на вишок маснотии и подобрувањето на мускулниот тонус на лицето, вратот и стомакот е релативно лесно, но градењето на убав задник досега отсекогаш претставувало проблем за повеќето жени. Ова секако се менува напоредно со развојот на научните достигнувања во областа на спортот и спортската медицина, па така на жените им се презентирани неколку нови начини за вежбање за полесно да можат да дојдат до посакуваните резултати.
Очите природно гравитираат кон заоблениот женски задник кога таа ќе влезе во просторијата, и како со тоа на сите да им порачува дека е во одлична секси форма. Статистиката покажува дека и мажите и жените подеднакво го вреднуваат задникот како најубав дел од човековото тело. Според тоа, убаво обликуваните раце или гради паѓаат во сенка пред добро обликуваниот задник.
Силните и обликувани глутеуси му помагаат на вашето тело подобро да се движи низ секојдневните физички активности, ви обезбедува силни движења за време на играњето тенис, скијањето или трим пешачењето, го намалува напорот во грбот и колената, па така и ги намалува шансите за повреди на споменатите делови. Исто така ни го олеснува носењето на потежок багаж по скали или училишен ранец на грбот. Силните мускули на долниот дел на телото не само што ви овозможуваат поубав изглед, туку и посилно и пофлексибилно движење. Кратките панталони или шортцеви го истакнуваат убавиот задник, но, за жал, речиси 66% од жените имаат проблем со вишокот килограми кои особено ги носат на колковите и бутовите. Овој текст е наменет токму за оние жени кои сакаат, благодарение на новите научни достигнувања, да развијат убав и силен задник, и да се ослободат од здодевниот целулит и масни наслаги. Тренингот со голема брзина е нов, револуционерен, научно базиран метод кој го зголемува мускулниот тонус, го забрзува согорувањето на мастите и го обликува задникот. За само 10 недели можат да се видат мерливи резултати – промени на облините и вашиот задник кој ќе ве одушеват.

 

Тренинг со голема брзина

Мускулите се лесно прилагодливи, па така речиси секоја тренинг програма која ги изложува на стрес ќе има некаков ефект врз нивниот тонус, сила и облик. Често се случува тешкиот труд во фитнес центар не дава посакувани резултати. Тренингот со голема брзина носи брзи резултати, а науката го поткрепува тоа. Брзината и експлозивноста се клучни во развојот на убаво обликуваниот задник. Многу програми за вежбање на глутеусот промовира бавни, контролирани движења, па така повеќето жени ја пропуштаат суштината за обликување на силен задник. Класичните „бавни“ тренинзи не ги развиваат мускулните влакна кои му даваат облик и тонус на убавиот задник. Butt-Lift тренингот користи експлозивни движења и вежби со кои овие мускули брзо и ефикасно се дефинираат, а исто така ги придвижуваат хормоните кои го зголемуваат трошењето на мастите наместо да ги складираат.
Неодамнешните истражувања во Канада и Бразил покажуваат дека експлозивните тренинзи активираат повеќе мускули и побрзо го поттикнуваат нивниот тонус и обликување. Бразилските научници откриваат дека power тренингот (подигање тежина со голема брзина) претставува одличен метод за зголемување на мускулната маса и сила. Тие го споредиле темпото на традиционалниот тренинг (2-3 секунди вежбање со 2-3 секунди пауза) со она на power тренингот (1 секунда вежбање и 2-3 секунди пауза), и заклучиле дека дошло до зголемување на мускулната сила и кондиција за 3-4 пати кај групата која вежбала power тренинг. Канадските научници откриле дека power тренингот ја зголемува масата при вкрстување на мускулните влакна и нерви, како и дека синтезата на протеините довела до зголемување на чистата мускулна маса и сила.
 
 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина