Додека проблемите со помнењето обично се поврзуваат со годините, статистиките покажуваат дека 14% од младите на возраст помеѓу 18 и 39 години имаат доживејано намалена функција на мозокот. За среќа, постои сет од едноставни вежби наречени јога за супер мозок, кој ќе ви помогне да се изборите со овој проблем. Овие вежби ефикасно ја зголемуваат менталната сила, балансирајќи помеѓу двете хемисфери на мозокот и насочувајќи ја енергијата директно во вашиот ум.

 

1. Разбудете се рано и гледајте во права насока

 

Утрото е најдоброто време за практикување на јогата на мозокот, па станете рано. Свртете се со лицето кон исток, таму каде што изгрева сонцето. За да бидете сигурни, набавете компас или инсталирајте апликација компас на телефонот.

 

2. Извадете го сиот накит

 

Извадете го сиот накит, вклучувајќи ја и бурмата. Со јазикот притиснете го непцето, токму зад забите. Оставете го на тоа место се додека не завршите со вежбањето.

 

3. Застанете право

 

Положбата е многу важна во јогата. Застанете исправено со рацете покрај телото и со стабилни стапала. Грбот држете го право за време на целото вежбање.

 

4. Ставете ги рацете во правилна положба

 

Подигнете ја левата рака, свиткајте ја преку градите и поставете ја на десното уво. Палецот треба да и биде пред увото. Потоа подигнете ја десната рака, свиткајте ја преку градите и фатете се за левото уво. Десниот палец нека ви биде поставен пред увото. Морате истовремено да ги притиснете двете ушни школки.

 

5. Почнете да правите чучнувања

 

Вдишете низ нос и полека почнете да се спуштате во чучнување. За да го одбегнете дополнителниот притисок врз колената, колената не треба да ги надминуваат глуждовите. Вратете се во почетната положба додека издишувате. Повторувајте ја вежбата 2-3 минути. Не заборавајте грбот да го држите право, а со јазикот да туркате на непцето.

 

6. Секојдневно вежбање

 

Редовноста е најважниот аспект на секое вежбање. Почнете да ја правите оваа вежба секој ден и ќе забележите промена во нивото на концентрација за само неколку недели. За неколку месеци, ќе забележите значителни промени во вашите ментални способности.

 

7. Вклучете ги своите деца во тренингот

 

Ако имате деца, научете ги да прават јога за супер мозок. Овие вежби се навистина едноставни, а ќе се забавувате додека ги правите заедно. По вежбањето, вашите деца ќе бидат фокусирани и подготвени да впијат многу информации.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина