Волната е многу старо природно средство кое ни помага да се ослободиме од многу боелсти. Освен што грее односно ја задржува топлината на телото, таа може и да ублажи болка и да го зајакне организмот.

Ова е ефикасен начин како може да се ослободите од разни болки (во случај на ревматизам, артритис, настинка…) – секогаш користете ја волната како облога.

 

Лековит чај за облози

 

Измешајте листови од бреза троскот (лат. Polygonum aviculare) со плодовите на шипката (по две лажици од секое). Оваа чајна мешавина потоа прелијте ја со врела вода и варете ја на пареа 20 минути. Откако ќе отстои десеттина минути, процедете ја и испијте ја. Две шолји (околу 400 мл.) искористете ги како чај, а во остатокот додадете една лажица кујнска сол и петтина лажичка лимонтос.

Измешајте се да се истопи и таа течност која ќе ја добиете истурете ја на некој стар волнен џемпер. Држете го отприлика половина час, додека не ја впие течноста. Потоа исцедете го добро и ставете го на болното место. Кожата прво прекријте ја со газа натопена во истата течност, а потоа врз газата ставете ја мократа волна. Се завиткајте со најлон ќесе и со крпа. Најдобро е облогата да делува преку ноќта. Секое утре користеното волнено парче исперете го со сапун и исушете го. Навечер повторно можете да го употребите како облога.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина