Најновите истражувања потврдуваат дека вежбањето може да го намали ризикот од инфаркт кај луѓето кои имаат генетска предиспозиција за него. Иако многумина сметаат дека малку може да се направи доколку станува збор за генетика, докажано е дека едноставните активности можат да помогнат. А, сигурно можете да одделите неколку мигови во денот за нив.

 

Истражувањата биле објавени во магазинот ”American Heart Association’s journal”, а се темелат на анализата од насобрани информации од околу 500.000 луѓе, на возраст помеѓу 40 до 69 години, и нивните генетски предиспозиции во периодот од шест години. Притоа заклучиле дека само малку физичка активност може да го зачува здравјето на срцето за дури фантастични 49% кај оние со генетска предиспозиција за инфаркт.

 

 

Кои вежби ги сака срцето?

 

 

Брзо одење: Една студија утврдила дека одењето два ипол часа неделно го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за дури 30%, иако многу стручњаци препорачуваат одење и до 60 минути, пет пати седмично. Имено, толку е потребно за да му обезбедите на срцето оптимално здравје.

 

Трчање: Како и кај одењето, треба да се започне со полесно темпо, како на пример пет минути истегнување пред да се започне со трчањето. Студијата од Универзитетот “Stanford School of Medicine” тврди дека редовното трчање не само што му помага на срцето, туку и го забавува процесот на стареење.

 

Возење велосипед: Најдобрата предност кај овој вид на вежбање е оддржувањето забрзан ритам на отчукувањата на срцето подолг период. Стручњаците препорачуваат најмалку 20 минути возење велосипед за да извлечете максимална полза.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина