Поголемиот дел од вработенте имаат еден идентичен проблем – премногу седат во текот на денот,што малку по малку, но сигурно го уништува човечкиот организам. Токму тоа е причината заради која  не смееме да заборавиме да ги активираме мускулите и да се потрудиме да ја подобриме циркулацијата барем на пет минути, колку што му е доволно на телото  за нормално да функционира.

Едноставно, без оглед на тоа колку сме зафатени со работа, можеме да одвоиме пет до десет минути во текот на работното време, што не е многу кога се работи за нашето здравје.

 Истегнете го вратот

 Додека седите на столот, исправете го грбот, длабоко вдишете и главата потпрете ја на десното рам . Дланката од десната рака ставете ја на главата над левото уво и нежно повлечете ја кон десното рамо со цел вратот што подобро да се истегне. Сторете го истото и на левата страна, а потоа повторете го сето тоа уште еднаш.

Истегнете ги градите

 Седејќи на столицата, максимално исправете го ‘рбетот и ставете ги рацете пред себе. Направете движење со кое ќе ги раширите ги двете раце максимално, а потоа соберете ги така што ќе се вовлечат плешките, а градите ќе се исправат кон напред. Вежбата повторерте ја пет пати.

Истегнете го грбот

Застанете позади столицата, а дланките ставете ги на наслонувачот од столот,  па потоа протегнете се така што ‘рбетот ќе биде паралелен со подот. Тука треба да внимавате на тоа грбот да биде колку пто е можно повеќе прав, а главата помеѓу рацете со поглед на подот. Оваа вежба треба да се изведе од 3 до 5 пати.

 Исчекор

Застанете позади столот, дланките нека се потпираат на наслонувачот на столот, па направете чекор со едната нога наназад, така што со коленото од онаа нога што е назад, скоро да го допрете подот. Внимавајте грбот да го држите исправен и полека  вратете се во почетната позиција и повторете ја вежбата 5-10 пати.

 Совети:

И самите можете да додадете некои вежби за кои мислите дека ви одговараат, а не се тешки за да се изведат и не бараат многу време, напор или простор. Суштината лежи во тоа да се активирате  и да не заборавите на здравјето на вашето тело, дури и кога сте на работа во канцеларија и имате многу секојдневни обврски. Дозволете му на телото барем пет минути да биде во поприродна позиција од онаа која е целосно неприродна , а е за жал најчеста – на положбата на седење.