Ви се чини дека стрелката на вагата застанала во место  и диетата повеќе нема ефект?  Без оглед на тоа дали сте вежбале, дали сте јаделе помалку  или пак можеби сте извеле некои нови трикови во теретана, едноставно не слабеете и тоа ве фрустрира затоа што навистина давате сè од себе. Можеби сте паднале во замка на диетата или поради силните диететски режими на исхраната едноставно вашиот организам се забавил, што и не е толку редок случај.

Метаболизмот најчесто е забавен поради некои надворешни или внатрешни фактори, а на двата фактори можете да влијаете бидејќи се испровоцирани од секојдневните навики. Подолу ви претставуваме неколку совети за тоа како да го забрзате вашиот метаболизам и како со некои ситни, но не и помалку важни трикови, да ја поместите стрелката од мртва точка.

1. Наутро

Прво и основно правило за здравиот начин на живот е да не се прескокнува појадокот. Усвојте ја здравата навика -квалитетно да појадувате наутро пред работа . Значи, водете сметка за тоа да имате време наутро да си подготвите квалитетен појадок, наместо на патот до работа да свратите до најблиската пекара по некоја кифла или пак уште полошо- бурек.

Појадокот треба да се состои од протеини, кои подолго време ќе ве држат сити, од сложени јаглехидрати кои вашето тело подолго време ќе ги преработува и од дозволени, односно здрави масти. Еден пример за ваков појадок е туна сендвич од интегрален леб или кајгана од една жолчка од јајце и две белки, подготвени во растително масло. Со ваквата кајгана дозволено е да изедете и  парче интегрален леб. Како трета варијанта на идеален  појадок, исто така, можете да изберете и житарици со млеко или јогурт.

Кафето, освен тоа што ве разбудува наутро, докажано е дека има ефект да го забрзува метаболизмот, преку стимулирање на централниот нервен систем, забрзувајќи го пулсот и дишењето. Се разбира, тоа не значи дека треба да претерувате со кафето, бидејќи кафето е погубно по здравјето во поголеми количини од две чаши дневно.

Освен кафе, најпрепорачан пијалок е обичната вода. Чаша ладна вода, освен што е малку лоша по грлото, добра е за забрзување на вашиот метаболизам затоа што на него му е потребно време за да ја загрее до телесната температура, а за тоа е потребна енергија. Па така, освен што го прочистува организмот и помага за хидратацијата, водата ќе ви помогне да согорите калории.

metabolizam_1

 

2. На работа

На работа, на паузата за ручек, бирајте јадење богато со протеини, кое ќе ви го продолжи чувството на ситост, па нема во напади на глад да посегнувате по различни калорични и нездрави намирници. Јадете пилешко месо или мисиркини гради подготвени во растително масло со малку калории или пак, динстанина пареа.

Со овој оброк, најдобро би било да испиете чаша или две зелен незасладен чај. Зелениот чај содржи компоненти кои му помагаат на вашиот организам да согори 50 калории со самото тоа што го пиете. Секако, 50 калории на ден не е многу, но доколку се разгледа во временски рамки од една година, пресметката покажува дека можеме да изгубиме 10 килограми само со консумирање на 2-4 чаши зелен чај дневно. Пијте го чајот топол и без додатоци.

3. При набавка на намирници

Кога ќе одите да набавувате намирници, воздржете се од купување на нездрава храна и набавете органски намирници. Докажано е дека некои видови на пестициди кои се користат при одгледувањето на овошје и зеленчук, освен што се токсични, придонесуваат и кон зголемување на телесната тежина.

Освен вообичаените зачини кои ги користите, вклучете го и купувањето и користењето на лути пиперчиња, чили, бибер и слично. Тие докажано ги согоруваат калориите, истовремени забрзувајќи ја и работата навашиот централен нервен систем. Додадете ги на сосовите од домати, како состојка на пицата или во салатата по желба.

Жените се повеќе склони кон губење на железото и анемија поради менструалните крварења секој месец, а железото е важно за транспортот на кислородот до сите клетки, па така и мускулите, кои во овој случај ја складираат енергијата. Консумирајте повеќе зелен лиснат зеленчук, грав, брокула и спанаќ со неизбежниот витамин Ц, кој ја помага апсорпцијата, а се наоѓа во агрумите, магдоносот, бобинките, итн…

4. За време на вежбањето

Иако вежбате секој ден, не можете да забележите разликата во телесната тежина? Масата ви се зголемила поради зголемувањето на мускулната маса, а доколку сакате да бидете сигурни дека сте согориле калории, практикувајте вежби за различни мускулни групи, во различни временски интервали и аеробни вежби. Немојте да бидете заглавени во теретаната и само да се билдате, туку разговарајте со тренерот за тоа кои вежби би требало да ги практикувате само за губење на килограмите и на кој начин да ги комбинирате.

Додека кревате тегови, забавете, на тој начин мускулите ќе трошат повеќе енерија , па понекогаш ќе им биде потребно и до 72 часа после тренингот за да се вратат во првобитната состојба, а за овој процес е потребна и поголема потрошувачка на енергија и – побрза работа на метаболизмот!

Научниците докажале дека консумирањето на рибино масло, заедно со редовното вежбање, ја забрзуваат активноста на ензимите одговорни за потрошувачката на масти.

5. Додека сте дома

Во домашни услови, подготвувајте оброци од риби богати со омега-3 масни киселини, кои ја помагаат функцијата на мозокот и нервниот систем, и освен тоа се богати и со витамин Д, кој ќе го зачува вашето мускулно ткиво и ќе го забрза метаболизмот.

Последна ставка, но не и помалку важна е редовното спиење – 8 часа во текот на ноќта за нивоата на хормоните лептин и грелин, одговорни за регулирањето на апетитот и распределба  на енергија, секогаш да се задржат исти – и на тој начин работата на метаболизмот да се одржува секогаш на исто ниво.