Ако сте едни од ретките кои немаат брз и совршено здрав метаболизам и ако сакате да го забрзате, следете ги следниве едноставни совети кои ќе ви помогнат во тоа.

 

1. Лимонова вода
Многупати оваа вода е спомнувана, но не без причина. Вриената и оладена вода со сок од еден лимон, испиена веднаш по будење, е најдобар начин за да го раздвижите организмот од рано утро и да го намалите ризикот од запек, предизвикан од тешка храна со која се храниме во денешно време.

2. Редовно вежбање
Дури и 10 – минутно вежбање секој ден може да му помогне на бавниот метаболизам да се забрза. За најдобар ефект, но и за одржување на одличната тежина треба секојдневно да вежбате по половина час или еден час. Најпрепорачливо време за вежбање е рано наутро, бидејќи од тогаш треба да се придвижи организмот.

 

metabolizam1

 

3. Варењето и здравите зачини
За здравје, подобар вкус и брз метаболизам најдобри се природните зачини, кои навистина ќе ве одушеват со својот вкус. Одбегнувајте сол и црн пипер, испробајте нешпто ново и на сосема поинаков начин зачинете ја вашата омилена храна.

4. Редовна исхрана
Одбегнувањето на оброците и внесувањето на премали количини храна се две нешта кои се погубни за метаболизмот. Иако многу луѓе мислат дека на тој начин полесно ќе ослабнат, ефектот е всушност сосема поинаков. Метаболизмот забавува, а организмот го складира во маст и најмалото залче храна. Наместо тоа, треба да се храните на секои четири часа или кога навистина ќе почувствувате глад (но, не чекајте да се прегладните).

 

metabolizam4

 

5. Одбегнувајте стрес
Хормоните на стресот силно влијаат врз метаболизмот и чувството на глад. За да одбегнете прејадување ,,поради стрес,, обидете да се изолирате од стресните ситуации и помалку да прифаќате некои емотивни ситуации.

6. Помалку консумирајте кофеин
Кофеинот е главен стимулатор на централниот нервен систем, така што со дневните внесувања на кофеин можете да го забрзате метаболизмот само за 5% до 8%.

7. Внесувајтебелијагленоходрати
Зголемете го внесувањето на влакната, така што ќе преминете на брашно од зрна од цели житарки и на внесување на овошје и зеленчук. Според некои истражувања, влакната можат да го забрзаат метаболизмот дури за 30%, а докажано е дека оние жени кои внесуваат преку исхраната многу влакна побавно се дебелеат.

8. Пијте вода која е на собна температура
Германските истражувачи докажале дека доколку пиете 6 чаши студена вода дневно ќе согорувате по 50 калории дневно, што е околу 2 килограма годишно.

9. Не консумирајте прскано овошје и зеленчук
Кога токсините од прсканото овошје ќе дојдат во организмот, го забавуваат метаболизмот. Исто така, овие токсини можат да го поттикнат дебелеењето. Затоа, секогаш бирајте органски производи кога купувате јаболки, круши, јагоди, цреши, пиперки, целер, нектарини, јагоди, грозје, зелена салата или целер, бидејќи неорганските се преполни со пестициди.

10. Намалете го внесувањето на алкохол

Сопрете се кај првиот испиен коктел, бидејќи алкохолот го забавува метаболизмот, па организмот го согорува него наместо мастите. По само два испиени коктели, процесот за согорување на мастите ќе се забави за 73%.

11. Внесувајте повеќе млечни производи
Некои истражувања покажуваат дека недостигот на калциум може да го забави метаболизмот. Ако во својата исхрана внесете млечни производи, ќе ја спречите апсорпцијата на масти од другата храна.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина