Дуњата е витаминска бомба на есента, која од дамнина е позната во народната медицина, а која се користи пред се како средство за ублажување кашлица и за смирување на желудочни тегоби.

 

Од ова овошје, кое по потекло е од југозападна Азија, лековити се деловите од плодот, листовите и семето, посебно сокот и сирупот од плодот.

 

Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротен, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, флуор и сулфур. Покрај тоа, содржи и протеии, диетални влакна и јагленохидрати.

 

Семките од дуњата се нејзиниот најлековит дел, а кога ќе отстојат во вода ослободуваат слуз која помага кај проблеми со кашлица. Тие содржат и големи количини амигладлин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено делување. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протид.

 

Благодарение на танинот и слузта, ова овошје делува поволно на работата на диестивниот систем (цревата) и ги спречува инфективните болести. Исто така, дуњата содржи и големи количини пектин, кој делува поволно на крвотокот, помага во намалување на крвниот притисок и пружа заштита од радиоактивното зрачење.

 

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и дијареја, додека печена или сварена дуња им се препорачува на анемичните луѓе, но и за лекување на воспаление на желудочната и цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на сув хранопроводник, крајници, дишни патишта и за ублажување на обилни менструации. Чајот од семките од дуња лекува несоница, смирува напнатост и остранува непријатен здив. Додека слузта од семките лекува изгореници и рани. Чајот, пак, од нејзините листови е одличен природен лек за сопирање на пролив.

 

Тагови: дуњаовошје
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина