Повеќето луѓе кои имаат камен во жолчката и не знаат дека го имаат, бидејќи не чувствуваат никакви симптоми. И покрај тоа, тие каменчиња во одреден момент можат да предизвикаат болка. Со ваков проблем најчесто се соочуваат жените, затоа што женските хормони естрогени доведуваат до создавање на овие каменчиња. Но, постојат и други фактори на ризик. На пример, ако дедо ви или баба ви имале камен во жолчката, постојат поголеми изгледи за и самите да заболите. Тука не се исклучок ни витките луѓе, иако начелно како главни ризик фактори се сметаат прекумерната тежина и високиот холестерол . Ако често јадете масна храна, го ,,терате,, црниот дроб постојано да создава жолчка неопходна за согорување на тие масти – и тоа повеќе од вообичаените количини од еден литар дневно.

Кога ќе се изнервираат или налутат, луѓето имат обичај да кажат дека им проработела жочката. Кога ќе се налутиме за нешто, тоа предизвикува тревога во ценралниот нервен систем. Ова надразнување се пренесува на ентеричкиот нервен систем, кој го инервира гастроинтестиналниот тракт, панкреасот и жолчното ќесе. Таа се грчи и содржината од себе ја истура во цревата. Тоа може да биде многу непријатно, бидејќи нема храна која ќе ја поврзе течноста која содржи кислина. Тогаш можно е да се појават болки во желудникот.

Кинескиот метод за исфрлање камења од жолчката преку дебелото црево е популарен во Азија и се верува дека го спречува развојот на карцином. Кај Кинезите е познат народниот лек кој им помогнал на многумина да ги исфрлат камењата од жолчката на најлесен и најбезопасен начин. Кинескиот доктор Лаи Чиу го препорачува овој природен метод, бидејќи според него камењата не само што предивикуваат болка, туку доведуваат и до појава на жолтица, па дури и на рак. Истражувањата покажале дека оние кои заболеле од рак воглавно пред тоа имале камења во жолчката!

Ракот никогаш не е првата болест која се појавува“, вели доктор Лаи, наведувајќи дека, обично, постојат многу други проблеми пред тоа, кои доведуваат до појавата на ракот.

Еден од симптомите за постоење камења во жолчката е чувството на голема ситост после оброк. Имате чувство како да не можете да ја сварите храната. Ако се влоши состојбата, може да дојде и до болки во црниот дроб.

Овој кинески метод се смета дека е одличен и јакнење на црниот дроб, бидејќи црниот дроб и жолчниот меур се тесно поврзани.

Како да ги исфрлите камењата од жолчката преку столицата (древен кинески природен метод):

1. Првите пет дена внесувајте по четири чаши сок од јаболки или јадете по 4 – 5 јаболки. Сокот од јаболко ги омекнува камењата. За време на тие 5 дена можете нормално да јадете.

2. Шестиот ден немојте да вечерате.

3. На тој ден во 18 часот напијте се лажичка сол растворена во чаша топла вода.

4. Повторете го истото во 20 часот. Ваквиот напиток го отвора жолчниот меур.

5.Во 22 часот напијте се 5 – 6 лажици маслиново масло или сусамово, со исто толку лажици свежо исцеден лимонов сок.

6.Добро промешајте и испијте го. Маслото ќе ги подмачка камењата и ќе го олесни нивното минување. Следното утро, треба во вашиот измет да најдете зелени каменчиња, кое обично лебдат на површината.

Дури и да немате камења во жолчката, не е лошо да ја прочистите со овој метод.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.