Постојат шест типови на стомаци, а се разликуваат според изгледот и по тоа како настануваат. Ова се сите типови, заедно со нивните карактеристики и начините како најлесно да се ослободите од нив.

Вински стомак

Ова е стомак кој настанува поради претерано консумирање алкохол. Се јавува само во долниот дел и најчесто со себе не носи вишок килограми на другите делови од телото. Значи, ако е само изразен напред и во долниот дел, а задникот, колковите и половината се исти веројатно станува збор за вински стомак. Можно е и да имате проблем и со варењето, бидејќи натрупувањето само во овој дел од стомакот може да ја наруши и работата на органите за варење.

Како да се ослободите?

Наместо да ги броите калориите, време е да размислите колку калории внесувате и во течна состојба. Една чаша вино содржи калории колку и еден сладолед! Затоа, намалете го алкохолот.

Надуен стомак

Овој тип на стомак е многу изразен. Често имате чувство како да имате надувано балон во стомакот. Стомакот се зголемува како одговор на насобирање на гасовите. Имено, додека бактериите во цревата ја разградуваат храната, природно доаѓа до создавање гасови. Меѓутоа, ако јадете нешто со што вашите добри бактерии не можат толку лесно да се изборат, се создават дополнителни гасови, кои почнуваат да го туркаат ѕидот на стомакот, што доведува да се формира овој стомак.

Како да се ослободите?

Водете сметка за тоа која храна ви одговара, а која ви предизвикува надувување. Можеби имате проблем со лактозата, па ќе треба да ги одбегнувате млечните производи. Печурките и сливите исто така се познати по тоа што доведуваат до надувување. Одбегнувајте ги овие намирници и не би требало да имаат проблем со тоа.

Стомак од стрес

Ако имате стомак настанат поради стрес, тогаш тој е значително мек и понекогаш виси и се прелева над панталоните. Ако не ви е јасно како стресот точно може да доведе до добивање килограми, би требале да знаете дека во стресни ситуации нашиот организам реагира така што хормонот за стрес – кортизол, го поттикнува ослободувањето на шеќерот во крвта, со цел да имаме енергија за да се избориме со она што ни предизвикува стрес. Но, ако не се занимавате со физичка активност, со која ќе ја потрошите таа енергија, таа нема каде да оди и затоа се таложи во вид на маснотии, и тоа најчесто во пределот на стомакот.

Како да се ослободите?

Ослободете се од стресот и стомакот ќе ви спласне. Постојат многу техники за ослободување од него, а една од нив е длабокото дишење. Исто така, треба да јадете повеќе, но помали оброци.

Стомак од тироидна жлезда

Ако имате генерално проблем со вишокот на килограми, а стомакот е најизразениот проблем, можно е да имате проблем со тироидната жлезда. Тироидата е жлезда која го произведува хормонот тироксин, кој контролира како ги трошите калориите од храната. За жал, секоја 13 – та жена има нарушување наречено хипотиреоза, што значи дека произведува помалку од овој хормон. Ваквите жени полесно се дебелеат и потешко ги губат килограмите и имаат изразено голем стомак.

Како да се ослободите?

Решението започнува со дијагноза. Ендокринологот ќе ви каже дали имате проблем со тироидната жлезда и ако имате ќе ви препише одредени лекови кои можат се да држат под контрола.

Мамастомак

Стомакот по породувањето е опуштен и виси. Изгледате како се уште да сте бремени. Настанува како последица на ширењето на матката и стомачните мускули, како би се направило место за бебето. За се врати во првобитната положба, пред породувањето, треба многу и напорно да се вежба и да се придржувате на строга диета.

Како да се ослободите?

Најдобро е да посетите доктор, кој ќе ви припише идеални вежби за овој проблем.

 

stomak21

 

Круша стомак

Половината ви е тенка, но имате упорни наслаги сало во пределот на долниот стомак, колковите и задникот, поради што телото ви наликува на круша. Главна причина за натрупување сало на овие делови се повторно хормоните. Само што овој пат се работи за женскиот хормон естроген. Некои жени природно имаат вишок на естроген, додека кај други доаѓа до хормонално нарушување, поради кое се јавува ова.

Како да се ослободите?

За почеток, одбегнувајте намирници кои се полни со заситени масти, за кои научниците утврдиле дека можат да доведат до зголемено ниво на естроген во организмот. Обидете се да јадете што повеќе зеленчук и храна полна со влакна.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина