Никој од нас не може да го одбегне натрупувањето на забниот камен. Го отстрануваме кај стоматолог, но и сами можеме да го спречиме неговото појавување со помош на едноставни домашни рецепти.

 

Јаболков оцет:

 

  • во филџан налејте јаболков оцет и во него натопете ја четкичката за заби.
  • оставете ја да отстои неколку минути.
  • потоа со четкичката добро исчеткајте ги забите и, по потреба, за време на четкањето, натопете ја уште еднаш во јаболковиот оцет.
  • четкајте ги забите две до три минути.
  • потоа, измијте ги забите со паста за заби и добро исплакнете ја усната шуплина.

 

Алое вера и глицерин:

 

  • во сад измешајте филџан млака вода, половина филџан сода бикарбона, лажичка алое вера гел, лажица сок од лимон (или 10 капки етерично масло од лимон) и 4 лажици растителен глицерин.
  • се измешајте и ставете ја мешавината во шишенце.
  • со мешавината четкајте ги забите секој ден. Откако ќе ги исчеткате забите со оваа мешавина, исчеткајте ги со обична паста за заби.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина