Ова се наједноставните и најевтини домашни рецепти кои можат да помогнат повторно да се почувствува леснотија во нозете.

1. Кујнска сол

Ставете половина шолја кујнска сол во сад со топла вода. Потопете ги нозете во оваа течност и држете ги во неа 10-15 минути. Ќе почувствувате моментално олеснување. Оваа бања можете да ја користите секоја вечер пред легнување.

2. Бања топло-судено

Наполнете еден сад со топла вода, а во друг сад ставете студена вода. Прво потопете ги нозете во топлата вода и држете ги 10-15 минути во неа, а потоа префрлете ги нозете во студената вода. По неколку минути пак вратете ги нозете во топлата вода и држете ги во неа околу 5 минути. Оваа бања ќе ви ја подобри циркулацијата во нозете.

3. Паста со прашок за печиво

Во оризова вода додадете прашок за печиво. На пример, можете да измешате две лажички прашок за печиво и две лажици оризова вода. Измешајте ги и направете паста од нив. Оваа смеса нанесете ја на нозете и на зглобовите. Поголема количина од оваа паста може да ставите во сад со топла вода и во неа да ги потопите нозете. Прашокот за печиво и оризовата вода ќе го апсорбира вишокот течност од стапалата и зглобовите.

4. Бања со етерични масла

Етерично масло од еукалиптус, нане и лимон додајте во топла вода и во неа држете ги нозете околу 15 минути. Овие миризливи масла ќе го намалат отокот и ќе делуваат релаксирачки на целото тело.

5. Јаболков оцет

Тријте ги нозете и зглобовите со јаболков оцет и веднаш ќе почувствувате олснување. Јаболковиот оцет ќе го отстрани вишокот течност и ќе го намали отокот, а со тоа ќе се намали и здрвеноста и болката.

6. Чај од магдонос

Направете чај од суви листови магдонос и секој ден пијте две до три шолји. Магдоносот е природен диуретик и ќе му помогне на телото да го исфрли вишокот течност од него.

7. Зелка

Неколку листови свежа зелка избришете ги со влажна крпа и ставете ги листовите на отечените нозе. За уште подобри резултати, листовите зелка пред употреба треба да се држат неколку часа во фрижидер. Зелката ќе го апсорбира вишокот течност од нозете, за половина час.

8. Чај од глуварче

Ставете глуварчиња во вода која врие и оставете ги на кратко да провријат. Секој ден пијте по една шолја или две од овој чај додека не забележите дека нозете не ви се повеќе отечени. Глуварчето е исто така и богат антиоксиданс, кој е одличен за целиот организам.

9. Свежа краставица

Ставете кругови свежа краставица на стапалата и покријте гиД со проѕирна ткаенина. Краставицата ќе ги ублажи уморните нозе.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина