Како да ги избелите забите со активен јаглен?

За оние кои сакаат да се обидат со некоја домашна метода на избелување на заби, одличен начин е користењето на активен јаглен. Оваа метода е стара, проверена, безбедна, ефтина и општодостапна. Многу луѓе кои го употребувале активниот јаглен за избелување на забите, ја забележале ефикасноста и едноставноста на оваа процедура. Позитивните резултати се видиливи веднаш после првата употреба. Доколку ова чистење се спроведува регуларно, може да се постигне многу изразен ефект.

Исто така, треба да се напомене дека, за разлика од другите популарни и непрофесионални средства за белеење на забите, активниот јаглен нема негативни последици во смисла на воспаление на непцата и нанесување штета на забниот глеѓ.

Рецепт за белеење на забите со активен јаглен
  • Растворете 2 таблети активен јаглен во мала количина вода
  • Сипајте неколку капки вода во стаклен или керамички сад и во него додадете го иситнетиот јаглен.
  • Ставете ја четката за заби во добиената смеса и мијте ги забите 2 минути.
  • Исплакнете ја устата и повторете ја процедурата
  • Внимателно потрудете се да ги отстраните сите трагови на јагленот од просторите меѓу забите
  • Активниот јаглен нема вкус и самата процедура не предизвикува никакви непријатни чувства

Исто така, можете еднотставно да џвакате таблета активен јаглен, а потоа да ги измиете забите со помош на четка и паста за заби. Исто така, можете до прав иситнетиот јаглен да го ставите на четкичката за заби и со оваа смеса да ги измиете забите.

Активниот јаглен има благо абразивно дјство и веќе после третата процедура ќе почувствувате како вашите заби чкрипат, оштетени од отпорните наслаги, кои не можат да се отстранат за време на вообичаено о хигиенско чистење. Со оваа процедура ќе постигнете сличен ефект како после професионално чистење на забите од наслаги и забен каменец кај стоматолог.

Процедурата за избелување на забите со активен јаглен треба да се спроведува еднаш на 7-10 дена (во зависност од вашата забна глеѓ и чувствителноста на забите).

Рецепт за избелување на забите со подготвување домашна паста

Овој рецепт за избелување на забите помага практично кај било кој вид на заболување на непцата, а при тоа моментално ги избелува забите, го раствара забниот каменец и ги лечи малите ранички во устата. Помага при : пародонпатија, воспаление на непцата, црните наслаги кај корените на забите, било која болна состојба во устата и непријатен здив.

Треба да направите едноставна паста за заби- во половина лажичка сода бикарбона да додадете 10-20 капки водород пероксид (набавен од аптека) или 3% хидроген и неколку капки лимон. Вашата паста за избелување на забите е подготвена!

Како да ја примените?

Едно парче памук натопете го во пастата и тријте ги забите и непцата одвнатре и однадвор, наутро и навечер. Лимонот ја неутрализира сода-бикарбоната и и дава свежина. Содата ги чисти забите, а водород пероксидот дезинфицира и избелува.

После ова чистење ќе се почувствувате одлично- забите ќе ви бидат чисти и ќе ви сјаат, а благиот мирис на лимон дополнително ќе ви го подобри расположението.

Оваа постапка е дозволено да ја практикувате еднаш неделно.

Заради превенција и лична хигиена, можете да ја испирате устата со раствот од водород пероксид (3% хидроген): 3 лажички водород пероксид да растворите во 50 милилитри топла вода.

Исто така, ова е одлична и ефикасна процедура и при сите болни состојби во устата. Во овој случај ефектот на избелување на забите се фиксира и забите остануваат долго бели, дури и доколку не ги исчистите со парче памук. Но, за да го остварите овој ефект, оваа постапка треба континуирано да ја спроведувате.