Состојки:
  • 50 гр. какао путер
  • 30 гр. кокосов путер
  • 7 супени лажици органски рогач во прав
  • 2 супени лажици органско какао во прав
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка мед или сируп од агава
  • сушени гоџи бобинки
  • крупно сецкани бадеми
Подготовка:

На пареа, во помал сад (кој е ставен над поголем сад со врела вода) растопете ги какао путерот и кокосовиот путер. Додадете ги рогачот и какаото во прав, ванилата, циметот и медот и добро измешајте. Обложете некој помал калап за печење со хартија за печење и излејте ја смесата. Исечкајте ги на крупно бадемите и со нив и со гоџи бобинките посипете ја смесата одозгора. Чоколадата ставете ја во фрижидер за да се стегне. Пред послужување исечете ja или искршете ја на парчиња во посакуваниот облик.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина