sedenje_2

„ Седењето не носи во прерана смрт ˮ –  вели Роб Деноф, семеен психолог во Пенсилванија и член на Американското Здружение на остеопати.

И додека експертите се погласно предупредуваат дека долготрајното седење може сериозно да го наруши вашето здравје, време е да се потсетиме на Томас Џеферсон, еден од основачите на Соединетите Американски Држави , кој  уште пред три века работел стоејќи над работната маса.

Болки во грбот, дегенерација и болки во мускулите, кардиоваскуларни болести , дијабетес, рак на дебелото црево , па дури и прерана смрт се само некои од потенцијалните ризици со кои се соочуваат сите оние кои својата работа ја извршуваат седејќи, покажуваат најновите истражувања на оваа тема.

Седењето не води кон прерана смрт.  Станавме пасивно општество. Седиме зад работното биро работејќи на компјутер  речиси цел ден, а кога ќе стигнеме дома, едвај чекаме да се испружиме на каучот, гледајќи ТВ. Ваквата комбинација  може да биде смртоносна “, вели Роб Деноф , семеен психолог во Пенсилванија и член на Американската асоцијација на остеопати во телефонското интервју за АФП .

Според податоците добиени од Националниот институт за здравство, просечниот возрасен човек во Америка поминува 7,7 часа дневно во седечка положба , додека американската Остеопатска асоцијација проценува дека 70 проценти од канцелариските службеници поминуваат повеќе од пет часа дневно седејќи на работното биро.

Што подолго седите, толку и циркулацијата на крвта е полоша, објаснува Деноф напоменувајќи дека дури и доколку одите во фитнес салата после работа и вежбате да речеме еден час, не може да се надокнади пропуштеното.

Според една студија од Архивата за интерна медицина, ризикот од предвремена смрт е зголемен за 15 проценти кај оние кои седат осум часа на ден, а дури за 40 проценти кај оние кои седат 11 часа на ден, во споредба со оние кои седат само четири часа дневно.

Затоа Деноф вели дека движењето и воопшто било каквата физичка активност се од огромно значење.

“Ние, луѓето, не сме создадени за целодневно седење, но ни за целодневно стоење. Создадени сме за движење. Суштината се состои во рамнотежата на овие две нешта “, истакнува тој.

Во Америка дури некои луѓе одат во крајност и наместо обичните бироа избираат “стоечки бироа” и работат како што тоа го правел Џеферсон многу одамна.

На луѓето кои мора да седат подолго заради работата, Деноф им го советува следново: станувајте на секој половина час, прошетајте, користете ги скалите наместо лифтот и гледајте се со пријателите наместо да испраќате e –mail-ови.