Дали сметате дека нервозата има и свои добри страни и дека всушност може да направи нешто добро за вас? Иако звучи лудо, всушност и може. Секако, овде не се работи за анкциозни нарушувања, кои влијаат на секојдневиот живот или кои можеби бараат лекување. Не, овде се работи за мала нервоза која се чувствува но која може да се реши со насмевка. Еве за што е таа добра.

1. Нервозните луѓе одлично ги решаваат проблемите

Обично, размислувањето за бескрајната листа на нешта кои можат да се изјаловат прави малку повеќе освен што ги поти дланките или го забрзува отчукањето на срцето. Иако мислите дека ова ни малку не ви помага, психичката подготовка на најлош исход во некои ситуации всушност се исплати.

Една неодамнешна студија, спроведена меѓу студените по право, ги набљудувала студентите кои очекувале резултати од испитите. Оние кои очекувале најлош можен исход – во овој случај паѓање на испитите – реагирале подобро на лошите вести и повеќе се веселеле на добрите вести од оние кои не биле толку нервозни.

Истражувачите ваквиот ментален склоп го нарекуваат одбранбен песимизам или проактивно носење со проблемот. Проактивното носење со проблемот им дозволува на нервозните луѓе однапред да знаат како би се однесувале во случај на најлош исход. Ако дојде до него, на нервозните им е полесно да прават нови планови, наместо да се чувствуваат навистина потиштени поради лошиот исход кој не го очекувале.

2. Нервозните луѓе се паметни

Ако незнаењето е блажено, тогаш знаењето вклучува страдање, е нагласено уште во 2014 година во освртот на една студија која ја подига самодовербата. Истражувачите испитувале повеќе од 100 студенти, а оние кои биле позагрижени и понервозни, биле и вербално поинтелигентни.

Оваа поврзаност може да биде двонасочна: оние кои се склони на чувство на нервоза, можеби едноставно вложуваат повеќе енергија во учењето (што е облик на преземање на самоконтролата), а што доведува до поголема интелигенција.

3. Нервозните луѓе се подготвени за опасност

Нервозниот мозок е заштитник. Кај оние луѓе кои се нервозни, мозокот ги забележува заканувачките и негативни емоции на туѓите лица на пример, ако незадоволниот клиент вика нервозно додека влегувате во ,,неговото,, кафуле – во моторичкоко подрачје на мозочната кора која е поврзана со активностите.

Кај помалку нервозните луѓе, истите негативни емоции се обработуваат во темпоралниот резен, кој служи за препознавање на луѓе, кога би дошло до опасна ситуација, се смета дека нервозните луѓе би биле подобро подготвени на реакција, затоа што нивниот мозок веќе ја забележал потенцијално опасната ситуација.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина