Шампоните, регенераторите, стајлинг геловите, па дури и едноставниот чин на чешлање и сушење на косата, можат да влијаат на нејзиниот оштетен и безживотен изглед. Но, веќе сигурно имате слушнато за полезноста од природните масла за коса. Враќањето кон природата и користењето на овие чудесни масла може да помогне во препородување на косата. Некои од овие масла дури можат да се користат и за да се подобри нејзиниот раст.

 

Кокосово масло

Не само што слаткиот мирис на кокосовото масло веднаш не поттикнува да мислиме за тропски плажи. Тоа исто така е од неверојатна полза за здравјето на косата.

Кокосовото масло е природен начин за обезбедување влажност и за враќање на сјајот на косата.

Богат извор е на витамин Е, еден од најважните витамини за здрав раст на косата.

Делувањето на микроорганизмите врз скалпот и на врвовите е една од најголемите причини за губење на косата. Киселините, односно соединенијата кои се наоѓаат во кокосовото масло, делуваат против микроорганизмите, што го прави кокосовото масло ефикасен третман потив опаѓање на косата.

Кокосовото масло е преполно со заситени масла, кои продираат длабоко во скалпот, со цел да се спречи појавата на перут или да се намали веќе постоечкиот.

Најефикасен начин за примена на кокосовото масло е да се вмасира во коренот и скалпот, а потоа да се нанесе рамномерно се до врвовите од косата, околу 30 минути пред капење. Потоа измијте го со топла вода и со природен шампон.

2. Екстра девствено маслиново масло

Есктра девственото маслиново масло може исто така да и помогне на косата. Слично како и кокосовото масло, и маслиното масло ја храни косата, ја влажни и ја јакне, а исто така го намалува нејзиното опаѓање и појавата на перут.

 

Испробајте го овој едноставен третман со маслиново масло за постигнување убава коса.

  • Наполнете половина чаша екстра девствено маслиново масло и ставете неколку капки етерично масло, како на пример од рузмарин или од лаванда. Добро протресете ја содржината и оставете ја да отстои на студено и темно место 24 часа.
  • Потоа од содржината истурете мала количина на дланките и добро протријте ги.
  • Почнете да го нанесувате на скалпот, масирајќи со кружни движења со прстите. Завршете со масирање на врвовите на косата.
  • Потоа замотајте пластична ќеса околу главата и оставете да отстои 30 минути.
  • На крајот, нормално измијте ја косата со шампон.

3. Арганово масло

Аргановото масло е едно од најскапите масла за коса, но е секако скапоцено. Се вади од зрното на аргановото стебло, кое е по потекло од Мароко.

Нанесувањето е слично со повеќето други масла. Ставете една лажица масло на рака, протријте го и нанесете го на косата, започнувајќи од скалпот, па се до врвовите од косата. Користете четка или чешел за порамномерно распределување, ако е потребно. Потоа замотајте ја косата во крпа на еден час, па измијте ја косата со вода и шампон.

Присутните есенцијални масни киселини ќе ви ја зајакнат косата, што ќе резултира со помалкуиспукани врвови, а освен тоа, богатиот извор на витамин Е ќе ја обнови оштетената коса од штетните материи. Исто така, немасното арганово масло ќе и даде на косата сјај и влага, без она непријатно чувство на маснотија.

Затоа, доколку сакате да го поправите или подобрите изгледот на косата, можеби не би било лошо да испробате некое од овие природни масла или мешавина од масла за коса.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина