Шампони, регенератори, гелови, па дури едноставниот чин на чешлање исушење на косата можат да влијаат на нејзиниот безживотен и оштетен изглед. Но, веќе сигурно имате слушнато за бенефитите на природните масла за нега на косата. Враќањето кон природата и користењето на овие чудесни масла може да помогне за целосна преобразба на косата. Некои од овие масла можат дури да се користат и за да се забрза нејзиниот раст.

 

1.Кокосово масло

 

  • Не само што слаткиот мирис на кокосовото масло веднаш потикнува мисли за тропски плажи, туку тоа има и неверојатна позла за здравјето на косата.
  • Кокосовото масло е природен начин за обезбедување влажност и враќање на сјајот на косата.
  • Богат извор е на витаминот Е, еден од најважните витамини за здрав раст на косата.
  • Делувањето на микроорганизмите на скалпот и на врвовите е една од најчестите причини за губење на косата. Киселините, односно соединенијата кои се наоѓаат во кокосовото масло, делуваат против овие микроорганизми, па затоа ова масло е ефикасно во третманите против губење на косата.
  • Кокосовото масло изобилува со заситени масти, кои продираат длабоко во скалпот и го спречуваат неговото лупење и го намалуваат перутот.

 

Најефикасен начин за примена на кокосовото масло е со негово директно втривање во коренот и скалпот, а потоа и се до врвовите на косата, 30 минути пред да се капете. Потоа измијте го со топла вода и со природен шампон.

 

2. Екстра девствено маслиново масло

 

Сите ние го користиме маслновото масло за готвење и за зачинување на салатите, но дали знаете дека ова масло исто така може да и помогне на косата? Слично како и кокосовото масло, и маслиновото ја влажни и ја јакне косата, а исто така го намалува нејзиното опаѓање и појавата на перут.

Испробајте го овој едноставен третман со маслиново масло дома, со цел да постигнете убава коса.

1.Наполнете половина чаша со екстра девствено маслиново масло и додадете му неколку капки етерично масло, на пример од лаванда или од рузмарин. Добро измешајте ги сите овие состојки и смесата оставете ја да отстои на студено и темно место 24 часа.
Потоа ставете малку од оваа смеса на дланките и протријте ја со рацете. Започенете да го нанесувате од скалпот со кружни масирања со прстоте. Завршете го масирањето со врвовите од прстите. Замотајте една пластична вреќа околу главата и оставете ја да отстои 30 минути. На крај, вообичаено измијте ја косата со шампон.

 

3. Арганово масло

 

Аргановото масло е едно од најскапите масла за коса, но секако вреди за секој цент. Се вади од аргановото стебло, кое по потекло е од Мароко. Неговото нанесување е слично како и со другите масла. Ставете една лажица од ова масло на дланките, протријте го и распределете го рамномерно на косата, почнувајќи од темето, па се до врвовите на косата.Користете четка или чешел за уаво да го распределете насекаде. Потоа замотајте ја косата во крпа и оставете го да отстои еден часа. Измијте го со вода и шампон.

Присутните есенцијални масни киселини ќе ви ја зајакнат косата, резултирајќи и со помали испукани врвови, а освен тоа, богат е со витамин Е, кој ќе ја обнови оштетената коса од штетните материи. Исто така, немасното арганово масло ќе и даде на косата сјај и влага, без она непријатно чувство на замастеност.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина