Многу луѓе се во потрага по природни начини на лекување на своите здравствени проблеми. Во продолжение дознајте како со помош на маслото од диво оригано можете да се ослободите од цела низа тегоби.

Маслото од диво оригано со векови е еден од најбараните природни лекови за разни здравствени тегоби. Неговите лековити својства биле познати уште во времето на древните Грци, а таткото на медицината, Хипократ, често го користеле како антисептик. Ова моќно масло се смета за едно од најсилните природни антибиотици, а поради неговата јачина треба да се внимава при внатрешна и надворешна примена и секогаш треба да се меша со масла за јадење. Во продолжение погледнете повеќе за лековитите својства на маслото од диво оригано.

 

1. Ефикасно се бори против бактериски и габични инфекции

 

Многу студии докажале дека маслото од диво оригано има силни антибактериски својства, па поради тоа е силен сојузник во борбата против дури 30 бактерии, вклучувајќи ја Е коли, која на многумина им создава големи здравствени тегоби.

Подеднакво е успешен во санирањето на габичните инфекции. Често го користат оние кои имаат атлетско стапало или габички на ноктите. При надворешна употреба маслото од диво оригано треба да се измеша со други масла за јадење исто како и при негова надворешна употреба.

2. Олеснува менструални тегоби

 

Традиционално се користи при болни менструации, но и при нередовни менструации. Спаѓа во групата на растителни производи кои го стимулираат протокот на крв во делот на карлицата и предизвикува контракции во матката. Токму поради тоа користењето на масло од диво оригано не им се препорачува на трудниците, но затоа користењето на класично сушено оригано во облик на зачин за јадење не претставува никаков проблем.

 

3. Помага при проблеми со варењето

 

Без добро варење нема добро здравје. Маслото од диво оригано го стимулира протокот на жолчка во системот за варење и така го подобрува самиот овој процес. Го намалува и создавањето на гасови и помага во регулирањето на желудочната киселина.

4. Ги ублажува последиците од кожени болести

 

Многумина кои имаат псоријаза, егзем или розацеа спас имаат најдено во ова масло. Важно е да се напомене дека тоа во концентриран облик е ,,врело,, масло, па не смее само да се користи затоа што може да предизвика црвенило или иритација. Кога се работи за кожни заболувања, се меша со маслото од јојоба, кокосово или маслиново и пред користење на поголем дел од телото прво се тестира на мал дел од кожата. Доколку по употребата нема последици како пецкање, чешање, осип или каква и да било друга иритација, тогаш може да се продолжи да се користи.

 

5. Извор е на бројни есенцијални нутритиенти

 

Магнезиум, цинк, витамин Ц, витамин Е, железо, калциум, манган и ниацин – сите овие се важни нутритиенти кои се наоѓаат во маслото од диво оригано.

6. Ублажува респираторни болести

 

Истражувањата покажале дека е ефикасно кај бронхитис, астма и респираторни проблеми предизвикани од грип или настинки. Една од неовите главни состојки, карвакролот, се бори против инфективни организми при инфекции на горните дишни патишта, но ќе помогне и при инфекции на долните делови од респираторниот систем.

Има лесен седативене фект кај респираторните проблеми предизвикани од алергии и ги ублажува реакциите на телото на алергени.

7. Штити од кардиоваскуларни болести

 

Благодарение на силните антиоксидативни својства, дивото оригано ги штиит срцето и крвните садови од штетите кои им ги нанесуваат слободните радикали. Тие ги напаѓаат клетките во телото, а им се спротивставуваат токку антиоксидансите. Го намалува лошиот холестрол и го спречува таложењето на мастите во организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина