Дивизмата (лат. Verbascum thapsus) е двогодишно растение со единствен изглед, кое може да порасне и до 2 метри. Стебленцето и е издолжено, а на него има крупни жолти цветови. Кај народот уште е позната под името кралска свеќа, бидејќи по обликот многу потсетува на свеќа. Му припаѓа на семејството струпници од подрачјето на Европа, Америка и Северна Америка. Кај народот е позната уште и како широк лопух, див тутун и волчја опашка. Низ историјата се користела за разни цели, и тоа најмноу во традиционалната медицина во Европа, Азија, а подоцна и во Америка. Славниот грчки доктор Диоскурид бил меѓу првите кој почнал да го користи за лекување болести на белите дробови и така останало и во следните 1.800 години. Во Америка го донеле доселениците. Таму го присвоиле индијанските племиња, кои исто така го користеле за лекување болести на белите дробови, но и за болки во коските.

Лековити својства на дивизмата

Широката медицинска употреба на дивизмата се припишува на различните соединенија кои тоа ги содржи во себе. Некои од нив се сапонини, гликозиди, флавоноиди, витамин Ц и минералите цинк и селен. Голем број антиоксиданси во дивизмата делуваат противвоспалително, антимикобно и регенеративно. Бројни студии веќе го имаат потврдено неговото лековито делување.

Најистакната карактеристика на дивизмата е нејзиното делување на сите болести на системот за дишење. Тоа смирува, го поттикнува искашлувањето и се бори против разни причинители на воспаленија и болки. Помага при настинки, грип, ангина, воспаленија на белите дробови, бронхитис, па дури и при астма. Добар лек е за алергии, бидејќи со својата слуз ги влажни дишните органи и со тоа физички ги заштитува од апсорпција на алергени и на тој начин го намалува ризикот од алергиски реакции.

Препаратите подготвени од дивизма со векови се користат во борбата против различни инфекции предивикани од габи и бактерии. Поради тоа дивизмата им е интересна на научниците. Антимикробното и антивоспалителното делување на дивизмата се припишува на нејзините фенолни соединенија.

Истражувањата покажале дека екстрактот од дивизма делува против низа штетни организми, меѓу кои има и такви кои се многу отпорни на конвенционалните лекови:

 

  • Staphylococcus aureus
  • Bacillus subtilis
  • Micrococcus luteus
  • Enterococcus faecalis
  • Escherichia coli
  • Pseudomonas aeruginosa
  • Klebsiella pneumonia
  • Vibrio cholera
  • Enterobacter coccus
  • Aspergillus fumigatus

Заклучокот е дека дивизмата има голем антибактериски потенцијал.

Дивизмата многу ефикасно ги подмачкува и хидрира зглобовите и рскавиците. Често се користи при повреди на грбот, за кои многумина луѓе сметаат дека се неизлечливи. Многу хербалисти го познаваат ефикасното делување на дивизмата врз коските, па и припишуваат и својства на лекување на дискус хернија и скршеници. Причината за тоа лежи во нејзината слуз, која како што ги подмачкува белите дробови, така ги подмачкува и коските. Па, така, дисковите се ,,лизнуваат,, на своето место, а вкочанетите зглобови се опуштаат. При проблеми со зглобовите, артритис и реума, народната медицина ја користи дивизмата за надворешна употреба.

Корен од дивизма за здрави бубрези и мочен меур

Препаратите од дивизма во најголем дел се темелат на неговите цвеќиња и листови, но и коренот има свои вредности. Посебно е ценет тоникот против уринарна инконтиненција, кој ги јакне и ги подобрува мускулите и ги засилува функциите на мочниот меур. Таа исто така ја намалува фрекфенцијата на уринирањата, а има и адстрингентни својства, кои го намалуваат воспалувањето на мочниот меур.

Други лековити својства на дивизмата:
  • помага кај проливи и грчеви во стомакот

  • помага против несоница

  • олеснува мигрени

  • помага кај забрзана работа на штитната жлезда

  • може да помогне во намалувањето на холестеролот и триглицеридите

 

Мацерта од дивизма

Во 500 мл. Маслиново масло ставете 65 гр. цветови од дивизма и оставете ги да отстојат 40 дена на сончево место. По овој период процедете ја смесата низ газа и затворете ја во темно шише. Чувајте го шишето на студено и темно место.

Примена на мацератот:

Кај проблеми со уво, капнувајте по 3 капки 3 пати дневно.

Кај проблеми со очите, мачкајте ги 2-3 пати дневно.

Кај кожни проблеми и болки, мачкајте го проблематичното место неолку пати на ден.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина