Дијабетесот е излечлив?
Доктор Пирсон советува храната да се комбинира така што никогаш да не се мешаат јагленохидратите со мастите и белковините. Тој е американски дијабетолог кој своите истражувања за дијабетесот ги спроведувал во САД врз голем број дијабетичари. Имено, само во САД има повеќе од 36 милиони дијабетичари, а 90% од нив се со дијабетес од типот 2. Многумина ќе речат дека тие самите се виновни што имаат дијабетес тип 2. поради тоа што тој во голема мерка зависи и е одреден од животните навики, а дека нивните начелно не се добри.
Она до што дошол доктор Пирсон е сосема дијаметрално спротивно од она на кое не учи конвеционалната медицина. Тој тврди дека не е вистина дека оваа болест е неизлечлива. Другата негова важна поставка е дека причината за дијабетес не е недостигот на инсулин. Според него, во здравата клетка гликозата многу лесно се апсорбира низ нејзината мембрана, а за да се случи тоа, на неа не и е потребен инсулинот. Сепак, предуслов за ова е крвотокот да ни биде чист од заситени маснотии и холестерол. Со ова не се согласуваат конвенционалната медицина и фармацијата.
Доктор Пирсон истакнува дека токму тие лоши, заситени маснотии, холестерл и триглицериди, кои се многу лепливи, го прекриваат ѕидот на клетката, преку кој оваа треба да ја апсорбира гликозата. Така таа клетка станува се послаба, останува без енергија, шеќерот во крвта расте, а ние се чувствуваме уморни и безволни. Телото тогаш реагира на тој начин што панкреасот почнува да лачи инсулин, кој го прифаќа випокот на гликоза и го таложи во облик на масно ткиво. Значи, инсулинот го тера телото да создава масни наслаги.
Покрај физичка активмост, доктор Пирсон предлага храната да се комбинира така што никогаш не смее да се мешаат јагленохидрати со масти и со белковини. Забрзаниот начин на живот носи многу непотрени стресни и последични заболувања на организмот. Дијабетес тип 1 и 2, резистенција на инсулин, ослабната функција на органите за варење, детоксикација и пренос на хранливите материи, автоимуни и воспалителни реакции, бројни интолеранции, зголемени маснотии во крвта и прекумерна телесна тежина се само некои од вообичаените тегоби на денешната модерна цивилизација.
Шеќерната болест или лат. diabetes mellitus е хронично нрушување на метаболизмот проследено со зголемено ниво на шеќер во крвта поради недоволното лачење и неможноста за правилно делување на инсулинот. Тој има клучна улога во регулацијата на нивоата на шеќер во крвта.
Природни антидијабетици
Црн ким (лат. Nigella sativa) ја содржи во себе активната компоннета тимокинон – мала молекула која е лесно достапна до сите клетки, па поради тоа и ги има тие лековити ефекти врз на целиот организам системски и локално. Силното антиоксидативно делување на оваа молекула и на нејзините деривати лежи во способноста на фаќање на штетните слободни радикали во организмот и на зголемувањето на активноста на на клеточниот заштитен систем од оксидативен стрес. Црниот ким го регулира шеќерот во крвта и е сигурен за земање.
Горчлива диња (лат. Momordica charantia) содржи гликопротеин лектин – и тоа во големи количини. Гликопротеинот лактин според активноста е сличен со инсулинот, го оддржува нивото на шеќерот во крвта, а делува и како имуномодулатор.
Тилчец (лат. Trigonella foenum graecum) со сигурност го снижува нивото на шеќер во крвта, односно делува хипогликемиски, го спречува заболувањето на нервите кај дијабетичарите, со што значајно се ублажуваат последиците.
Аронија (лат. Aronia melanocarpa) ни е веќе добро познато лековито растение кое има силни антиоксидативни својства.