Сите знаеме колку е здрав медот, како за нега на кожата, така и за здравјето на организмот. Меѓутоа, некои истражувања имаат покажано дека оваа намирница е одличен сојузник во губењето на вишокот килограми. Погледнете ги во продолжение двете најдобри диети кои се базираат на мед. И двете траат по три дена. Првата е класична брза диета, додека втората е детоксикациска диета чија цел е не само да ,,украде,, некој килограм, туку и да го исчисти телото од токсини.

Тридневна диета со мед

Со оваа диета можат да се загубат 2-3 килограми за само 3 дена!

Прв ден

За појадок: 2 ровки сварени жолчки се мешаат со една лажичка мед. Со оброкот се пие чај со лимон или кафе (без шеќер).

За ручек: 100 грама сирење, 50 грама варени моркови, 50 грама варена брокула, 50 грама варен карфиол – од сите нив се прави пире во блендер. Додаток чај или кафе со 1 лажичка мед.

За вечера: 1 филџан бистра супа од зеленчук, 1 парче интгрален леб и 1 јаболко/круша/портокал.

Пред легнување: чај со лимон

Втор ден

За појадок: исто како првиот ден

За ручек: се прави крем од едно меко варено јајце, една лажица мед и 100 грама младо сирење. Со оброкот се пие чај со лимон или кафе.

За вечера: 150 грама риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.

Трет ден

За појадок: исто како првиот ден, плус едно јаболко.

За ручек: 50 грама сирење, 1 парче ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.

За вечера: 300 грама варен зеленчук, едно меко варено јајце и филџан чај со една лажица мед.

Напомена: Секој ден задолжително треба да се изеде половина лимон!

Детоксикациска диета со мед

Потребно е: 1,5 литар негазирана минерална вода, 8 лимони, 2-3 лажици мед и 1-2 лажици црвен лут црн пипер.

Подготовка: Исцедете го лимонот и додајте ги медот и црниот пипер и добро измешајте ја смесата. Во текот на денот треба да се испие целата напивка покрај тоа може да се пие и зелен чај и вода. Максималната должина на траење на оваа диета е три дена. Не се чувствува слабост и исцрпеност, бидејќи медот е хранлив, црниот пипер ќе ја подобри циркулацијата, а лимонот ќе му помогне на организмот са се ослободи од токсините

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина