Постојат неколку диети со туна а најпознатата од нив е тридневната диета со туна. Оваа диета е многу рестриктивна диета, бидејќи планот на исхрана дозволува внесување на калории само под 1.200 калории дневно и затоа се спроведува само на краток рок.

Многу странски сајтови велат дека оваа диета е создадена од Мајо клиниката, Кливлендската клиника за исхрана или Американското здружение за срце. Меѓутоа, тридневната диета со туна, не е развиена во било која од овие институции, и ниту една од овие институции не ја поддржува тридневната диета со туна.

Диета со туна

Промотерите на тридневната диета со туна велат дека можете да изгубите до 5 килограми за само три дена. Исклучително нискиот внес на калории значи дека ќе загубите малку масти, но губењето на тежината веројатно ќе дојде пред се од телесните течности бидејќи исхрана вклучува многу малку јагленхидрати, кои му помагаат на телото да ги задржи течностите. Веднаш штом ќе завршите сo тридневната диета со туна, претходната тежина ќе ви се врати.

Нема докази дека оваа диета го намалува холестеролот и го чисти телото. Во текот на диетата треба строго да се придржувате нa режимот на исхрана и да пиете најмалку 2,5 литри вода секој ден. Варијациите на диетата со туна дозволуваат некои замени, како што се тост, јогурт за сладолед од ванила и сирење за туна.

 

tuna_2

Мени  на диета со туна

Појадок

Започнете ја диетата со појадок од 5 солени крекери, 100 грама сирење ијаболко.

Појадокот за вториот ден се состои од половина грејпфрут или една чаша сок од грејпфрут плус парче интегрален тост и1 лажица путер од кикирики.

Последниот ден, појадокот е 1 јајце, 1 парче интегрален тост и половина банана. Можете да пиете шоља црно кафе или чај, без шеќер или со нискокалорични засладувачи.

Ручек

Ручекот за првиот ден е едно варено јајца и парче интегрален тост.

Вториот ден, вашиот попладневен оброк треба да се состоиод 1/2чаша туна и парче интегрален тост.

Ручекот за третиот ден е 8 солени крекери или чаша сирење или чаша туна. Повторно, можете да имате шоља црно кафе или чај, без шеќер или со засладувач.

Вечера

Вашата вечера првиот ден вклучува 1 чаша туна, карфиол, моркови, било каков вид на овошје, јаболко, праска, кајсија или парче диња во зависност од сезоната.

За десерт, треба да јадете половина чаша сладолед од ванила.

Вечерата за вториот ден е составена од 100 гр. бело посно месо, (најдобро е тоа да бидат пилешки гради), јаболка и 1 чаша боранија и моркови.

Десертот е 1 чаша сладолед од ванила.

Последниот ден, вашиот последен оброк од диетата е половина чаша туна и половина банана. Исто така консумирајте половина чаша моркови, 1 чаша брокули или зелка (како салата или варена) .

Десертот за крај е 1/2 чаша сладолед од ванила.

За диетата освен свежа и замрзната туна, можете да користите и туна во конзерва.

Мерката за половина чаша одговара на половина од класичната конзерва туна која што тежи 180-200 гр.

Користете конзерва со туна во парчиња, а не сецкана туна и убаво исцедете го маслото.