maslinki

Ако сакате своето тело да го подмладите, да го подобрите своето здравје и притоа да ослабете и до четири килограми, можете да пробате со диетата со маслинки, која трае помеѓу три и пет дена. Должината се остава на вас да ја одредите.

Веруваме дека на повеќето од нас ни е познато колку се всушност здрави маслинките и маслиновото масло. Маслинките се богати со влакна, аминокиселини, калциум, цинк, фосфор, бакар,селен и железо, витамините А, Ц, Е и Р. Во 100 грама зрели маслинки има околу 6,3 процентијаглехидрати, 0,8 проценти белковини, и 10,7 проценти маснотии.

Затоа не е изненадувачки дека лекарите често препорачуваат да се консумираат 10-12 маслинки пред појадок, како превенција од сите болести. Со секојдневната консумација на маслинки на овој налчин се намалува веројатноста за појава на покачен холестерол, а со тоа и појава на кардиоваскуларни болести. Маслинките се многу добри и за варењето на храната, а со тоа и го намалуваат ризикот од настанување на болести на дигестивниот тракт.

Сепак, според процентот на витамини кои се содржат во маслинките на прво место е витаминот Е, кој заедно со големите количини на другите антиоксиданси може да ги неутрализира штетните токсини во телото. Исто така, тој овозможува побрза регенерација на клетките, особено оние кои влијаат на стареењето. Затоа и не е изненадувачки што маслиновото масло често се користи во козметичката индустрија, особено онаа која е наменета за обновување на кожата и забавување на стареењето на клетките на кожата.

Маслиновото масло, пак помага во работењето на жолчката, што овозможува нормално варење на храната и апсорпција на хранливите материи.

Богатството од минерали е многу важно за функцијата на бубрезите,кои, заедно со црниот дроб, се многу важни за исфрлање на штетните отрови од телото, што пак придонесува за подобро здравје во краткорочен, но и долгорочен поглед.

Како се држи оваа диета?

Да се вратиме на диетата со маслинки, која всушност е една детоксикациона диета, која служи за детоксикација на организмот во краток период, но не смее да се држи подолго од пет дена. Всушност, оваа диета може да направи голем благодет за организмот, но со оглед на тоа што не содржи доволно разновидни хранливи состојки, нејзиното држење на подолг период не е препорачливо и може да му наштети на здравјето на организмот.

По завршувањето на диетата, се препорачува здрава и избалансирана исхрана, а не враќање на старите нездрави навики, што може да доведат до уште поголемо покачување на килограмите.

Покрај тоа, ако сакате да ја пробате оваа диета, мора да бидете обожавател на маслинки, особено оние зелените. Еве како да ја спроведете диетата.

Појадок и вечера : мешана салата

40 g рукола

40 g зелена салата

2 големи свежи краставици

40 g зелени маслинки

1 зелена пиперка

1 домат

Индиски оревчиња

босилек

малку вински оцет

маслиново масло

Солта не е неопходна, бидејќи маслинките се доволно солени, но ако не можете да живеете без сол, употребете морска сол.

За ручек и вечера, јадете зелени и црни маслинки, но мора да бидат исецкани.

Исто така, не заборавајте дека црните маслинки имаат повеќе калории отколку зелените, па затоа за подобар ефект на диетата се препорачува консумирање на зелени маслинки. Помеѓу оброците, пијте многу обична негазирана вода.

Во текот на денот, не смеете да консумирате повеќе од три лажици маслиново масло.

Во текот на денот, севкупно можете да изедете помеѓу 30 и 50 грама јаткасти плодови – бадеми, ореви, лешници, индиски ореви, и тоа, најдобро во текот на утрото.

За ручек, смеете да јадете :

Житарки со цели зрна : кафеав ориз, овес, јачмен , хељда, леб од цели семенки , кинеска шеќерна трска (нема одредена препорачана дневна количина , па можете слободно да јадете се додека не се почувствувате сити). Овие цели зрна сварете ги, односно подгответе ги во облик на каша.

Риба е дозволена, но во помали количини (околу 150 g ), подготвена со малку лук и маслиново масло. Исто така, дозволени се и млечни производи како јогурт, кефир, млеко со малку маснотии, но исто така во огрничени количини . На пример, еден мал јогурт од 200 мл или чаша млеко или исто толкава количина кефир. Не смее да се употребува ниедно друго масло освен маслиново.

Ефектот на диетата

На крајот на диетата, не само што ќе изгубите од телесната тежина, но ќе забележите и дека кожата ви станала поеластична. Ова се случува бидејќи масните киселини кои се содржат во маслинките, го нормализираат метаболизмот и стимулираат согорување на масти, но исто така го регулираат и создавањето на липиди во кожата.

Кон оваа диета смеат да се придржуваат здрави луѓе и луѓекои имаат проблеми со покачен холестерол . Доколку имате било какви други здравствени проблеми или двоумења, обавезно консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист .