Со помош на оваа диета можете да изгубите 5 – 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи во вид дека се работи за рестриктивна диета, не треба да се држи повеќе од 14 дена. Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага за ,,собирање,, и исфрлање на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. Додека се држи оваа диета се препорачуваат следниве намирници: Природно кисело млеко 500 гр. дневно, овошје – до 300 гр. (освен грозје, диња и лубеница, поради големата количина шеќер која ја содржи во себе), месо до 100 гр. дневно (риба, пилешко и мисиркино со отстранување на кожичката и маснотии), зеленчук (плодови) до 300 гр. дневно (домати, ротквици, краставици, пиперки…), до 300 гр. дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола, ендивија…). Количината кисело млеко која треба да се изеде зависи од вашите желби и вкусот. Важно е да се изеде 500 гр. кисело млеко дневно, а на вас останува како ќе го распределите по оброците.

Пример за мени:

ПОЈАДОК

Желе од кисело млеко и малини, филџан зелен чај или филџан чист сок од портокал.

РУЧЕК

Филџан топол растителен чај, студена супа направена од кисело млеко и краставици исечени на кругови, 100 гр. варено месо, салата од краставици, домати и зачински билки, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада (без шеќер).

ПОПЛАДНЕВНА УЖИНА

Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и измиксајте ги во блендер.

ВЕЧЕРА

Филџан топол растителен чај, боранија подготвена на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер.

По завршување на диетата, начинот на исхрана мора да се држи под контрола, да се продолжи со физичките активности за да може да се сочува идеалната тежина која ќе ја постигнете за време на диетата. Постојат одредени правила и трикови кои ќе ви помогнат да не се вратите на старите нездрави навики и повторно да ,,нафрлите,, вишок килограми.

1. Редовно мерете се

Веројатно често сте се мереле за време на диетата, можеби дури и секојдневноч иако сега не морате толку често да се качувате на вагата, обидете се тоа да го правите барем еднаш неделно. На овој начин веднаш ќе можете да забележите можно зголемување на телесната маса и ќе можете на време да реагирате и да преземете неопходни чекори против дебелеењето.

2. Не го прескокнувајте појадокот

Сите многу добро знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но многумина го прескокнуваат. Никако не смеете да си го дозволите тоа и секое утро задолжително треба да појадувате за да можете да го придвижите метаболизмот од рано утро.

3. Разновидна исхрана

По губење на килограмите можете полека во исхраната да ги вратите сите оние намирници кои не ги јадевте за време на диетата. Телото можеби ќе се бори за да се навикне на намалената телесна маса и новите навики на исхрана, а може да дојде и до проблеми со метаболизмот, развиен во текот на годините на дебелеење.

4. Не се изгладнувајте

Многу е важно да јадете штом ќе почувствуват глад. Односно, не чекајте многу да огладните за да можете да уживате во јадењето, затоа што така постојат големи шанси да не можете да се сопрете и да изедете и повеќе отколку што ви треба.

5. Помали порции

Многу е важно да не претерувате со количината на храна која ќе ја аизедете за еден оброк. Јадете полека, така што мозокот да има време да сфати дека сте сити. На мозокот му треба отприлика половина час за да ја прими информацијата за ситост, што е честа причина за прејадување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина