jogurt_naslovna

Диетата со јогурт е многу здрава и дејствува многу поволно врз варењето. Постојат неколку варијации на диетата со јогурт, а таа се вбројува меѓу мини- диетите ( трае само четири дена). За време на диетата смеете да пиете големи количини на јогурт, па затоа кога ќе купувате јогурт изберете го обезмастениот јогурт – никако овошниот со додаток на шеќер. Оваа диета ќе ве освежи и ќе ве ослободи од штетните материи во организмот.

Познато е дека секојдневното пиење јогурт и кисело млеко претставува здрав начин на исхрана, па со самото тоа тие може да се користат и за губење на тежината. Млекото и млечните производи помагаат во одржување на здравјето и придонесуваат во одржување на здравјето на коските. Јогуртот и другите слични млечни производи може да помогнат во решавањето на проблемот со запек и спречување на инфекции. Тие се одличен извор на калциум, протеини и витамини . Кисело-млечните производи, исто така , може да помогнат во слабеењето, доколку се користат правилно .

Студиите потврдуваат дека луѓето кои ги вклучуваат млечните производи во својата исхрана имаат поголема веројатност да ја задржат нивната тежина во рамките на нормалата , па дури и да изгубат на тежина. Тоа е причината и зошто диетата со јогурт е се повеќе популарна. Со држењето на оваа диета со јогурт може да изгубите и пет килограми за 12-16 дена, додека истовремено ќе го исчистите телото и ќе ги зајакнете коските .

Кога ќе го завршите четвртиот ден , повторно започнете ја диетата со јогурт од првиот ден . Повторете најмногу до четири пати, а потоа направете пауза од најмалку една недела, доколкку сеуште не сте задоволни со постигнатата тежина.

ПРВ ДЕН

Појадок : 150 мл јогурт со ниска масленост, 2 лажици мусли, една шолја кафе засладено со половина лажичка кафеав шеќер

Утринска ужина: 3 свежи или суви сливи

Ручек: 300 грама варена брокула со сос од јогурт. За да го подготвите сосот од јогурт, помешајте 100 мл нискомаслен јогурт со лажица маслиново масло и магдонос.

Попладневна ужинка: 1 јаболко со средна големина

Вечера: крем супа од зеленчук (сите видови на зеленчук се дозволени, освен компир) помешани со 3 лажици јогурт или кисела павлака.

Совети * Дозволено е јогуртот во диетата понекогаш да се замени со кисела павлака, кисело млеко или кефир.
* Можете да подготвите домашно кисело млеко, но користете млеко со ниска содржина на масти.

ВТОР ДЕН

Појадок: 150 ml нискомаслена павлака помешана со вашите омилени овошја (1 киви, 4-6 јагоди, 1 праска, кајсија). Исто така, смеете да изедете едно тенко парче црн леб и опционално можете да испиете кафе, слично како и првиот ден.

Утринска ужина: седум ореви

Ручек: 200 гр печено пилешко месо, зелена салата со сос од јогурт. Можете да додадете и 1 домат, 1 кромид и 1 зелена краставица на зелената салата. За десерт дозволен е мал овошен јогурт.

Попладневна ужинка: 1 мандарина или портокал

Вечера: грашок со 3 лажици јогурт

ТРЕТ ДЕН

Појадок: 150 мл павлака помешана со лажица мед, малку суво грозје и 3 лажици житарки. Кафе по желба.

Утринска ужина: 1 големо јаболко

Ручек: 100 грама варено месо со салата од 1 краставица и 1 домат

Попладневна ужинка : 1 киви

Вечера: Пилешка супа помешана со 2 лажици јогурт и едно парче интегрален леб.

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: 200 ml кефир, 2 интегрални бисквити и опционално -кафе

Утринска ужина: 1 банана

Ручек: печено месо на скара (150 g), и јогурт сос. За да го подготвите сосот, јогуртот помешајте го со 2 лажици сенф и лажичка оцет.

Попладневна ужинка: 1 мало јаболко

Вечера: Зелен чај, сендвич со маслинки и јогурт. За да ги подготвите маслинките, ситно исецкајте ги и промешајте ги со лажичка јогурт, лажица сирење и малку ким.