Доколку сакате да го забавите процесот на стареење и да го продолжите животнот век, тогаш оваа диета е за вас. Во основа, оваа диета е список а производи чие консумирање помага да се забави стареењето. Суштината е да се намали вносот на калории за 30% од стандардниот внос и да се користат производи, минерали и витамини и други есенциални нутритиви кои придонесуваат за оддржуавње на виталните функции на телото. Со примена на оваа диета може да се подобри општата здравствена состојба, да се спречи или контролира дијабетесот, како и болестите на срцето, Паркинсоновата болест и Алцхајмеровата болест.

 

Стареењето е причина за загриженост на многумина (посебно на женскиот пол) на кои им е тешко да се соочат со реалноста, но тоа е тоа и треба да се сфати дека стареењето е, за жал, природен процес низ кој секој од нас треба да помине.

 

 

Омега-3 масни киселини против брчки и воспаленија

 

Во оваа група на намирници се наоѓаат: пастрмката, лососот, бадемите, сардините, туните, харингите… Рибата содржи омега-3 и омега-6 масни киселини. Овие киселини ја намалуваат манифестацијата на разни воспалителни процеси во организмот кои доведуваат до затнување на порите на кожата, акни и до предвремена појава на брчки.

 

Ореви

 

Јадете по неколку ореви дневно. Тие содржат големи количини антиоксиданси, витамин Е и незаситени масни киселини.

 

 

Зелен чај

 

Пијте најмалку по две шолји зелен чај дневно. Тој е природен ,,чудотворец,, кога се работи за превентива од болест и старост.

 

Маслиново масло

 

Исклучително е полезно за меморијата. Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е, кој го намалува нивото на лошиот холестерол и го зголемува нивото на добриот холестерол во крвта.

 

Овошје и зеленчук

 

Јадете 500 – 1.000 грама овошје и зеленчук дневно. Одберете овошје и зеленчук со различни бои и од различни видови. Секој ден јадете по една голема порција свежа сезонска салата. Овошјетои зеленчукот содржат големи количини витамини и минерали, кои го забавуваат процесот на стареењето.

 

Пијте по 1,5 литри течности дневно

 

Најдобрата опција се водата и зелениот чај. Помалку пијте лафе и сок. Навечер напијте се шолја чај од камилица – тоа ќе помогне да се опуштите.

 

Пијте јогурт

 

За појадок пијте јогурт со малку масти или млеко. Одберете јогурт со бифидо бактерија. Дневно треба да се пијат по 0,5 литри млеко. Најдобро е да се испие млеко после напорен тренинг. Јогуртот, пак содржи здрави бактерии за здрав дигестивен тракт и имунолошки систем и ги спречува проблемите поврзани со стареењето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина