Докажано е дека драстичното намалување на калории и внесена храна во организмот на одреден начин, пет дена во месецот, всушност го забавува стареењто и го намаува ризикот од рак, срцеви болести, дијабетес, го јакне имунолошкиот систем и ги подобрува когнитивните способности. Оваа диета се нарекува “диета која имитира пост”, а стручњаците тврдат дека го менува телото на оној кој ја држи оваа диета. Питер Боувс, кој учествувал во студијата спроведена за докажување на користа од оваа диета појаснил дека ваквиот начин на исхрана, наместо диета, треба да се смета за “инвестиција во иднината”. Ваквиот начин на исхрана ги поттикнува регенеративните процеси во организмот и долгорочно го подобрува здравјто. Со ваквиот начин на исхрана се губи вишокот килограми, но тоа е само пропратна појава.

Диетата всушност е многу едноставна за спроведување. Пет дена по ред, секој месец, треба драстично да се намали количината на внесени калории, односно до две третини од просечниот дневен внос.

Првиот ден се консумираат 1.090 калории (10% протеини, 56%масти, 34% јагленохидрати), а од вториот до петтиот ден се консумираат 725 калории (9% протеини, 44% масти, 47% јагленохидрати).

Важно е да се напомене дека најголем дел од јагленохидратите треба да потекнуваат од зеленчукот.

Останатите 25 денови учесниците во истражувањето јаделе нормално, вообичаено.

Истражувањето траело 3 месеци, а Волтер Ланго, професор по геронтологија и билогоја на УСЦ Институтот за долговечност, смета дека бенефитите од ваквиот вид на исхрана можат да се постигнат ако овоаа програма се следи три или четири пати во годината.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина