Секоја нова диета веќе е вообичаено да се експлоатира во медиумскиот простор како нова модна линија. Така и кај нас во последно време многу е популарна УН диетата или 90-дневната диета, во светот позната како 3МД диета. Диета која е лесна и едноставна за користење, што веројатно е и причината за нејзината голема популарност.

За нутриционистите нема нови вести во оваа област, бидејќи во принцип, постои еден начин на губење на тежината кој има вообичаена пресметка, иако стилот и доследното држење на диетата повторно може да биде нешто ново и интересно, доколку се претстави на доволно иновативен начин. Да погледнеме што нуди оваа диета, која стандардно ветува 20 до 30 килограми помалку, за оние кои ќе издржат да ја спроведат до крај.

За почеток, оваа диета нема познат автор за името, како што е на пример Аткинс, па затоа го добила името Аткинсонова диета. Насловот УН (или понекогаш УНИЦЕФ) е често користен во разговорите за да се представи сигурноста на оваа диета, во чија основа лежат неколку универзални прехранбени вредности.

Да ги погледнеме накратко изјавата и стратегијата на оваа диета од нутриционистичка и физиолошка страна, за да можеме да дадеме нејзина објективна оцена, и се разбира мерки на претпазливост и предупредувања за оние кои ќе се обидат или ќе се приджуваат кон таквиот начин на исхрана.

Оправдани и корисни тврдења:
  • Ефективна за губење на тежината
  • Лесно е да се примени
  • Без дополнителни инвестиции
  • Без гладување
  • Едноставно враќање на нормалната исхрана
  • Нема прескокнување оброци
  • 2 литри течност на ден
Неоправдани тврдења и негативни ефекти
  • Лесно и брзо враќање на килограмите
  • Тешко е да се поднесе почитувањето на денови во кои треба да се консумира вошје, скроб, вода и протеини
  • Ризик од анемија
  • Метаболизмот не се менува, постои голема опасност од јо-јо ефект
  • Долгото траење на диетата, многумина не издржуваат толку долго
  • Не може да се изгуби ветената дополнителна тежина без губење на масното ткиво
  • Не ги менува лошите прехранбени навики, не усвојува здрави навики
  • Дозволени се вештачки засладувачи
  • Сериозен потенцијал за хроничен недостаток на есенцијални масни киселини и недостаток на калциум
  • Товар на органите за варење, инсулинот и тироидната жлезда кои на сила ја почитуваат поделбата на намирниците по необична логика

УН диетата се покажала ефективна во губење на тежината, особено е добро прифатена од страна на формално необразованите нутриционисти и самоуки лични тренери бидејки е едноставна и целиот план го собира на два или три листови хартија односно не бара купување на посебни намирници или видови на храна.

Принципот на диетата

Диетата се состои од четири дена – протеински,скробен, jагленохидратен и овошен ден.

Дисциплина –доследност во редоследот на овие денови е принципот на кој се заснова оваа диета.Секогаш е истиот појадок – 2 исти овошки.

1. Протеински ден – освен протеинските намирници како што се месо,риба или јајца,дозволен е и некалоричен зеленчук во големи количини.Ваквиот пристап е добро познат – протеините заситуваат и го успоруваат метаболизмот бидејки придонесуваат за поголема количина на потребниот број калории за енергија,но нивната потрошувачка е релативнa компликација за метаболизмот.На тој начин протеините обезбедуваат да нема губење на мускулно ткиво.

2. Скробен ден –следи после протеинскиот ден. Метаболизмот е насочен кон глуконоегенеза, залихите на скроб во црниот дроб и мускулите се потрошени, па јагленхидратите кои во нормални услови, во зголемени количини изразено стимулираат складирање во масното ткиво, не можат толку ефикасно да се искористат за таа цел. Механизам на заситеност. Иако се тврди дека ова не е протеински ден, наведен е голем број на намирници кои се многу богати со протеини, како што е грашокот или интегралните житарици, кои го прават преоден овој ден.

3. Јагленохидратен ден – тестенини, торта, колачи, сладолед, чоколадо за готвење, зачини… Всушност, јагленохидрати со масти, награда за сетилата и своевиден вентил за оние со слаба контрола при одбирањето на јадењата.

4.Овошен ден– на овој ден може да се консумира овошје во неограничени количини, освен банана, грозје и лубеница

Воден ден треба да се спроведува еднаш месечно – всушност пост на вода или сокови, кој има диуретска функција, со слаб енергетски внес, дозволени се стимуланси како кофеинот. Без масти и протеини, ова е всушност кетонски ден кога организмот го согорува масното ткиво и мускулните протеини во процесот на кетогенеза.

Вообичаеното траење на диетата е 90 дена. Но, што после?

После диетата? Враќањето на „нормалната“ исхрана. Можноста за повторен 90-дневен циклус се препорачува дури после 3 месеци.

ВЕТУВАЊА – губење 15 до 30 килограми, позитивни промени во метаболизмот, нема гладување, едноставни правила кон кои секој може да се придржува.

Затоа не е тешко да се поверува на вакви бомбастични и полни со оптимизам ветувања, нема никакви медицински или физиолошки објаснувања како таа диета всушност делува. Секако, кога диетата ќе заврши, изгубените килограми се враќаат со помалку мака за разлика од дисциплината што оваа диета ја бара. Причината е едностава – враќање на старите прехранбени навики ги враќа лугето во рамката во која што си биле, а УН диетата се руши како ѕид од карти.

Што лежи зад успехот на оваа диета

Успехот на УН диетата е основан на овие објаснувања и претпоставки:

  • Сите сме подложни на дневните циклуси на исхрана – нема објаснување какви се тие циклуси на исхраната и како функционираат, ама ваквата реченица во општа смисла многу наликува на академските тврдења за исхраната на човекот
  • Треба вистинска комбинација на видовите храна – ако ги следиме точните правила кои се дефинирани за секој ден (протеински, јагленохидратен, скробен, овошен и секој 29 ден доаѓа „водениот ден“ или „водениот пост“

Бидејќи е многу пати копирана, фотокопирана и предадена од рака на рака, нема прави мерки, туку се однесува на 2 парчиња овошје или едноставни мерки – вечерата е половина од ручекот, или дека мора да се јаде за вечера исто тоа што било за ручек итн. Не се споменуваат калориските вредности, како ни нутритуитивната вредност, витамините или минералите кои на овој начин ги внесуваме и во која количина ги внесуваме.

Потоа, и оваа диета како и многу други, има сериозна логична грешка. Бидејќи баш секоја диета на светот мора да има соодветен број на телесни активности или вежбање, кој е моторот кој што ќе ги согори дополнителните килограми, нејасен е начинот на кој оваа диета го подразбира губењето на телесните масти, бидејки физичката активност се споменува само на општ и нејасен начин, без објаснување на темелната улога и без никаков сериозен план таа да се зголеми во тој смисол. Овој тажен факт ја популаризира оваа диета на принципот помал отпор, бидејќи на сите им е прифатлива диетата во која всушност и „нема вежбање“. На тој начин личноста која ќе ги исплони тие 90 дена и е среќна кога ќе ги види изгубените килограми, се поставува на стартната линија на враќањето на старата тежина и уште еден циклус на диета.

ЗАКЛУЧОК

УН диетата е ефикасна на краток рок. Губењето на килограми може да се препише на телесната активност, а не на самата диета, која како и секоја нелогична диета која го крие или го диктира гладувањето, всушност ја исфрла водата од организмот. На подолг рок гледано, оваа диета промовира јадење чоколади и колачи, не ги почитува основните принципи на исхраната, умереноста, не кажува за важноста на телесните активности и потребата за рамотежа на внесот на енергија и потрошената енергија. Постојат и сериозни забелешки, кои би ја интересирале личноста која сака да биде 90 дена на таква диета, а тоа се сигурното губење на железото, оптоварувањето на работата на жолчката и цревата поради специфичното мени односно сигурно нарушување на метаболизмот на масните киселини, кои се важни за сите телесни функции.

Значи, намалете ги килограмите но постепено и урамнотежено, со правилно распоредени оброци во текот на денот, со внесување разновидна ниско-калорична храна, исфрлување на вишокот шеќер и слатки, бирање овошје и зеленчук и интегрални житарици како темел на прехраната и тоа секој ден.

Заклучокот е дека нема лесен начин, а освен тоа УН диетата може да биде опасна за здравјето, поради недоволниот внес на потребните хранливи супстанци, па на тој начин можат да се нарушат процесите кои секојдневно и постојано се одвиваат во човековиот организам.

Она што секако би требало да се нагласи е дека диетите општо и здравата исхрана немаат ништо заедничко. Диетата е начин на губење на килограмите. Здравата исхрана е начин на живот. Се разбира, најдобро е да се храниме здраво и никогаш да не се здебелиме. Тоа е желба на секој од нас. Дали е УН диетата нутриционистички квалитетна? Не е, секако дека не е. Гладувањето не може да биде нутриционистички квалитетно.