Диета која го подига либидото и го поправа љубовниот живот
Иако Кето диетата е под постојана лупа од страна на јавноста, сега исхраната богата со масти е карактеризирана како исхрана која го подобрува сексуалниот живот.
- Освен што исхраната без шеќери и јагленохидрати ги топи килограмите, таа чини чуда за либидото и хормоналната рамнотежа – вели доктор Моли Девајн за порталот “Pop Sugar”. – Особено е важно што со ваквата исхрана се прави вистински баланс на хормоните. Тоа објаснува се и оваа диета најмногу им се препорачува на жените со Хашимото синдром и полицистични јајчници.
Инсулинот воопшто не им годи на жените, може да ги наруши и циклусите. Влијае на лачењето на тестостеронот, што може да доведе и до еректилна дисфункција.
- Кето исхраната дефинитивно има силно влијание врз хормоните – објаснила Девајн, која е советник во областа кето диета. – Замената на шеќерите со диеталните масти ќе остави многу бенефити врз вашето здравје – повеќе нема да чувствувате замор, стрес и анкциозност, а ќе го поправите и квалитетот на сонот.
Моментално Кето диетата е хит во светот на нутриционизмот, бидејќи многу ефикасно ослободува од вишокот телесни масти и килограми.
Што е и како функционира Кето диетата?
Кето диетата се нарекува уште и Кетогена диета. Тоа е диета богата со масти, а сиромашна со јагленохидрати (low-carb and high-fat диета, или скратено LCHF диета). Можеби не звучи логично да се внесуваат повеќе масти за да може да се истопат повеќе масни наслаги на телото, но еве како е тоа можно и како функционира согорувањето на мастите во вашето тело.
За нашето тело да добие енергија, нему му е потребен некаков вид на гориво, а тоа го зема тоа гориво од јагленохидратите. Тие во телото се разложуваат на прости шеќери, и тука најважна улога има гликозата, која е наједноставното и најдостапното гориво на телото. Кога недоволно се внесуваат јагленохидрати, телото почнува само да бара друг извор на енергија за своите мускули. Во недостаток на гликоза, тоа почнува да ги согорува мастите и да ги користи како гориво, кога ќе дојде до ова, телото всушност е доведено до состојбата позната како кетоза. А тогаш започнува и самиот процес на слабеење. Кето диетата има за цел да го поттикне слабеењето, така што во телото го предизвикува овој процес, а од таму и го добила името.