dieta_brcki

Доколку ја прашате било која жена што би сменила во својот изглед, половината од нив ќе ви кажат дека би сакале да го затегнат стомакот, а другата половина ќе ви споменат дека би сакале помлад изглед на лицето.

Но, што доколку само една промена во начинот на исхрана може да влијае на тоа ова лето да ги импресионирате сите со вашиот изглед во бикини и да испеглате некои брчки на лицето? Можеби звучи премногу добро за да биде вистина, но според д-р Вилијам Дејвис, се што ви треба е да изфрлите една намирница од вашата исхрана , која досега се сметаше дека е добра – пченицата !

Д-р Дејвис објаснува дека пченицата од некогаш здравата намирница се трансформира во ” супер јаглехидрати “, кои во нашиот организам се претвораат во шеќери и масти кои се лепат за нашиот стомак. Ова значи дека пченицата едноставно создава сало кое се лепи за нашиот струк, а воедно го уништува и нашиот организам одвнатре и однадвор.

Поради сето ова, ние ви предлагаме да ја елиминирате оваа намирница од вашата исхрана за период од две недели , со цел да ја намалите телесната тежина .

Исклучувањето на пченицата од исхраната, вклучува и некое планирање. Имено, храната  направена од пченични производи има некои предности за брзиот начин на живот, бидејќи тоа се обично сендвичи, бисквити и други производи кои лесно може да се купат на секој агол, со цел што побрзо да го задоволиме нашиот глад.

Со избегнување на пченичните производи, ќе треба повеќе да поработите на планирање на менијата, купувањето на намирници во супермаркетите и пазарите, а почесто ќе треба да носите и домашно приготвени оброци за на работа.

Но, сето ова ќе ви се исплати, доколку само помислите дека наслагите од стомакот едноставно ќе исчезнат доколку се придржувате до оваа диета за време од две недели.

Ви препорачуваме да ги следите овие упатства.

Јадете колку сакате од овие видови намирници :

Дозволен е секаков вид зеленчук (освен компири и пченка ), ореви и мешункасти плодови, здрави масла ( маслиново масло, масло од семките од авокадо , итн . ), месо и јајца ( преферирајте помалку масно месо и органски производи ), сирење , сосови и прилози на јадењата како што се рен, лута пиперка , соја сос и така натаму.

Јадете мали порции од овие намирници:

Одвојте 100 g или 100 ml од овие намирници инаку ризикувате зголемување на шеќерот во крвта : млечни производи (освен сирење) , овошје, свежи сокови  од овошје, ориз , овес , просо , хељда ( консумирајте максимум по 50 грама од овие производи по порција), и соини производи .

Избегнувајте ги овие намирници :

Пченични производи од сите видови, нездрави масла, глутенска храна , шеќер и производи од шеќер, грицки , слатки, овошни сокови, засладувачи , сладоледи, компоти, кечап, ајвар, џемови, енергетски пијалаци итн.

Но, не паничете , бидејќи сигурно нема да останете гладни во текот на оваа двенеделна диета. Пченичниот  леб заменете го со просо, ориз и леќа , а со салатите секогаш можете да јадете туна, варено пилешко или мисиркино месо.

Од слатките би требало да се откажете за време на овие две недели, но доколку ви се пријаде нешто слатко, земете една овошка која ќе ви ја ублажи таа желба.