-merilin-monro11-

Магазинот Pageant во далечната 1952 година објавил интервју со Мерлин Монро, во кое таа открива многу работи за својот личен живот. Меѓу другото, тоа било прилика за тоа сите да дознаат како најпосакуваната жена на своето време ја негува својата убавина.

– Искрено, никогаш не сум мислела дека мојата линија е извонредна ; до неодамна, речиси и не ни помислував на неа. Мојата единствена и најголема грижа беше да јадам доволно . Сега пак морам да се грижам за тоа да не јадам премногу. Никогаш не вежбав. Сега пак, секое утро поминувам најмалку 10 минути во вежбање со мали тегови. Осмислив свои вежби за мускулите кои сакам да ги затегнам, и знам дека ми одговараат бидејќи можам да почувствувам како мускулите врз кои сакам да делувам, ми работат додека вежбам – изјавила тогаш Мерлин.

Актерката исто така ја открила и нејзината едноставна рутина за затегнување на градите, која ја изведувала секој ден, штом ќе се разбудела . Се работи за вежба со подигнување на тегови од 2 килограми во почетна позиција на раширени раце, па подигнување на теговите се додека не дојдат директно над главата. Мерлин правела 15 повторувања од оваа вежба, со бавно темпо . Потоа ја повторувала вежбата , но во обратна насока.

Втората вежба е кружење со рацете, кои се наоѓаат на 45 степени од подот, исто така, со тегови.

– Никогаш не сум сакала спортови кои се играат надвор, и немам желба да се усовршам во тенисот, пливањето или голфот. Ќе ги оставам овие работи на мажите. Иако ова е многу модерно во Калифорнија, јас не мислам дека исончаниот тен е привлечен, а ниту поздрав од белиот. Лично не сум за темен тен затоа што сакам да се чувствувам русокоса низ целото тело – додала таа.

merlin-monro1

Мерлин ја истакнала важноста на добриот сон, па затоа секогаш се трудела добро да се наспие . Ако некогаш спиела некој час пократко, обавезно тоа утредента би го надокнадила.
– Во зависност од обврските, спијам помеѓу пет и десет часа секоја ноќ. Спијам во голем кревет, и се покривам само со еден покривач и во лето и во зима. Не можам да поднесам пижами или ноќници, ми го распиваат сонот –рекла таа во оваа прилика.

Кога станува збор за исхраната, Мерлин се придржувала до протеинската диета, а некои од нејзините навики на многумина им делувале по малку бизарно. Појадокот, кој го опишувала како “совршен за секоја девојка која работи” , се состоел од топло млеко во кое биле сматени две јајца. Овој пијалок го комбинирала со витамински таблети. За вечера обично јадела месо испечено во рерна ,со свежи моркови.

Ваквиот начин на исхрана, и дозволувал да не се откаже потполно од своите “слатки задоволства ” и без грижа на совест да ужива во сладоледот.

– Сигурна сум дека не би можела да си го дозволам себеси ова задоволство доколку мојата секојдневна исхрана не се состоеше во целост од протеини – заклучила Мерлин .