Во текот на неделата

Во текот на неделата, кај 5 : 2 диетата е дозволено вообичаено внесување на храна во текот на 5 дена, секако не повеќе од 2.000 калории за жените и 2.400 за мажите, дневно, a 2 дена треба да се намали количината на внесени калории на 500 за жените и 600 за мажите. Значи, ова не е диета која го забранува внесувањето на храна, туку во текот на два дена неделно се намалува количината на внесени калории во организмот. Ова е еден вид работа, која го стимулира телото да го ,,протресе,, согорувањето на мастите и да ја поттикне работата на ,,мрзливите,, клетки. За повеќето луѓе ова е прифатлив компромис, бидејќи дозволува дружења, семејни вечери и исхрана на работното место, а во исто време е многу корисна за здравјето и видливо се губат килограмите.

Колку килограми ќе загубите со оваа диета? Одговорот на ова прашање, како и секогаш, зависи од повеќе фактори (почетната тежина, годините, нивото на активност, здравствената состојба) но кога зборуваме за некаков просек – може да се каже дека просечното губење изнесува од 4 до 6 килограми месечно. Делува малку?Погледнете го менито и ќе ви биде јасно дека не се лишувате од ништо, а килограмите се топат. Баш добро, нели?

Посен ден

Поборниците на оваа диета ги предлагаат понеделник и четврток за посни денови. Понеделникот е најлесниот ден за сите диети, а четвртокот е блиску до викендот, кога повторно може да се јаде вообичаено. Се разбира, можете своите посни 500 калории да ги изедете веднаш, но треба да оставите нешто и за остатокот од денот. Затоа се предлага да ги распределите во текот на денот, според ритамот на кој сте научени да ги земате оброците. Ако и ,,префрлите,, за стотина калории, тоа и не е голем грев, но кај пообилното внесување на калорична храна најдобро е да се откажете од тоа за време на посниот ден и да го оставите за некој друг ден.

Внесувајте течности
Течностите се многу важни, бидејќи му даваат информации на мозокот дека желудникот е полн. Кога ќе почувствувате и најмал знак за глад, напијте се голема чаша вода. Водата е многу важна, бидејќи секоја хемиска реакција во организмот, дури и согорувањето на мастите, бара вода. Во посните денови не смее да се внесува никаков вид на алкохол, а во останатите пет е доволено, но без претерување.

 

 

dieta-5-na-eden1

 

Побарајте пријател
Подобро е да ја започнете оваа диета заедно со некој пријател/пријателка. Според некои истражувања, 66% од луѓето кои заедно со некого започнале да држат диета ја одржале постигнатата тежина повеќе од 10 месеци, додека оние кои сами почнале истото го постигнале, но во многу помал процент – само 24%.

Не се предавајте
Секој кој до сега држел некоја диета, поминал низ периоди на стагнација на тежината. Кога ќе настапи ваков период, не треба веднаш да се растажувате, туку мислете на килограмите што ќе ги загубите. Тука ќе помогне промената на дневната рутина.

Спијте повеќе
Се повеќе постојат докази дека недоволниот сон води кон зголемена тежина. Според најновите истражувања, заморот повлекува по себе лоши намирници. Затоа, спијте што повеќе, не само поради успехот на диетата, туку и за подобро расположение.

А чоколада?
Ако јадете чоколада кога сте гладни, тогаш сигурно ќе сакате секогаш се повеќе и повеќе. Меѓутоа, ако по ручекот земете неколку парчиња чоколада, бидете сигурни дека нема толку многу да копнеете по слатките.

Колку се занимавате со спорт?
Според официјалните препораки, здравствените бенефити од диетите најмногу доаѓаат до израз ако е човекот физички активен. Доволно е и пет дена во неделата да се вози велосипед по половина час, брзо да се оди и сл.

Дали постојат други бенефити од оваа диета?Луѓето кои ја практикуваат оваа диета ќе потврдат дека го намали количеството на шеќери и на лош холестерол во крвта, со што оваа диета штити од срцеви заболувања, но и од Алцхајмер и од рак.

Грицкидо 100 калории

1 банана со средна големина, 95 кал.
20 гр. шунка, премачкана со сенф и еден мал домат, 81 кал.
75 гр. гриловани пилешки гради, 98 кал.
45 гр. маслинки, без семки, 85 кал.
40 гр. туна во природен сос, 30 гр, пченка и лажичка мајонез, 92 кал.
1 кекс, намачкан со немасно сирење и краставица, 82 кал.
1 парче сирење, домат и зелена пиперка, 97 кал.
1 дл. немасен јогурт и едно јаболко, 73 кал.
2 мандарини и 1 киви, 73 кал.
1 тврдо варено јајце, 84 кал.
1 портокал, 59 кал.
1 јаболко, 53 кал.
1 кришка црн леб, 74 кал.
1 омлет од две белки, 34 кал.
1 кекс од ориз намачкан со џем без шеќер, 45 кал.
1 поширано јајце со парче шунка, 100 кал.
1/2 грејпфрут, 39 кал.

Пример за посен ден:

Појадок: зобена каша со суво овошје или парче крем сирење со мисиркини гради, или со шејк од јагоди.

Ручек: капри салата (зелена салата, домат, ротквица, млад лук, овчо сирење, маслиново масло, капари) со домат, или чорба од сирење и препржени ореви, или зеленчук подготвен во вок тава со пилешки гради со кари, или туна печена во фолија со салата од домати и лук.

Вечера: палента со овчо сирење или мусака од тиквички и кафеав ориз.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина