Многумина мислат дека дезодорансите и антиперспирантите се едно исто. Но, ќе ги изненади фактот дека не е така. Антиперспирантите содржат хемикалии кои ги затвораат порите и на тој начин го спречуваат потењето. Од друга страна, дезодорансите дозволуваат потење, но го отстрануваат непријатниот мирис од потта. Луѓето мислат дека доколку не користат антиперспирант ќе ги навредат оние во нивна близина. Дури и кога користат дезодоранси, се чувствуваат непријатно што се потат, мислејќи дека мирисот на потта се меша со оној на дезодорансот. Покрај ваквото мислење, поголемио број дезодоранси не само што го прекрива мирисот на потта, туку поради своите антисептични додатоци ги уништуваат бактериите кои го предизвикуваат тој мирис.

Од неодамна е откриено дека одредени дезодоранси ја содржат во себе хемикалијата парабен, која може да се однесува како хормоните на естрогенот во телото. Естрогенот е познат по тоа што помага во развивањето на некои видови на рак, додека некои облици на оваа болест се развиваат токму под пазувите, односно на делот од телото на кој се нанесуваат антиперспиранти и други слични производи. Според новото истражување, постојат докази дека парабенот се наоѓа во 99% примероци земени од ткивата на дојките на жени кај кои е дијагностициран рак на дојката. Меѓутоа, повеќето од нив немале користено ниту еден антиперспирантен производ.

Повеќето големи брендови дезодоранси повеќе не содржат парабен, но тој се уште може да се најде во составот на некои шминки, производи за нега на косата како и во пени за бричење. Истражувањето опфатило 40 жени со рак на дојката кои се одлучиле за мастектомија, односно за хируршко отстранување на дојката. Истражувачите истражиле по четири примероци од ткивата на дојките на секоја од овие жени. Ткивата биле земени од нколку места од градите, како и од пределот под пазувите. Вкупно 99% од примероците покажале присуство на парабен и било утврдено дека неговото ниво не е поврзано со локацијата на ракот, како ни дека растот на ракот не се поттикнува од естрогенот.

Дали користите производи без парабен?

Новите истражувања не докажуваат дека производите за лична хигиена предизвикуваат рак на дојката, но факт е дека парабенот кај речиси сите примероци ткиво ги оправдува понатамошните истражувања. Сепак, стручњаците сметаат дека жените не треба премногу да се оптоваруваат каква козметика користат, бидејќи допрва со понатамошни истражувања ќе се утврдува дали постои врска меѓу парабенот и ракот на дојка. Ако и се утврди врската, не треба да има загриженост, затоа што постојат производи без парабен кои можат да се користат. Мариса Вајс, директор на онколошката клиника за рак на дојката при медицинскиот центар во Винвуд, Пенсилванија, САД, и сама успешно се изборила со ракот на дојка. Таа вели дека во многу производи за лична хигиена има парабен и така може истиот да се внесе во организмот на разни начини.

Напомена

Многу стручњаци сметаат дека во споменатото истражување се тестирани многу малку жени за да може да се оправда (рехабилитирало) дејството на дезодорансите кои содржат парабен. Сепак, тие ги предупредуваат девојките и жените да не претеруваат со количината дезодоранс под пазувите, затоа што тука се наоѓаат многу чувствителни жлезди, преку кои во организмот може многу лесно да се внесат штетни супстанции.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина