zeni_1

Заштедете време и нерви и – научете некоја мудрост од советите на повозрасните и поискусни жени. Тие ве советуваат како да се справите со раскинувањата, масната храна и лошите пријатели. Всушност, животот е и прекраток за да се занимавате со броење на калории од оброцие или пак лошите пријатели

Популарниот интернет сајт Reddit побарал од постарите и поискусни жени да споделат совети за животот од корист за помладите девојки, а резултатот е брилијантен.

Иако бројните совети од нашите мајки, тетки, вујни и постари братучетки понекогаш ни одат на нерви, со текот на времето често сфаќаме дека тие се вистинити. Колку пати само ли сте ја слушнале онаа познатата “Ех, камо да ги имав твоите години и овој памет!”

Мораме да признаеме дека тие имаат искуство и подобра перспектива – затоа е важно овие совети да ги прочитаат сите тинејџерки и млади девојки, без разлика дали се во врска или сингл, без разлика дали се борат со прекумерна тежина, мозолчиња, или пак недостаток на самодоверба. Ако ги разбереме на време и им го промениме начинот на размислување, во голема мера ќе си го олесниме животот. Еве што поискусните жени им порачуваат на младите девојки!

Научете како да се справите со раскинувањата

Научете достоинство да ги раскинувате врските и отфрлете ја идејата дека таму некаде постои “вистинскиот за вас”, кој мора да го пронајдете и со кого ќе живеете среќно до крајот на животот. Ако врската не функционира, треба да ја раскинете, извесно време да тагувате и да го продолжите животот понатаму. Големи се шансите дека и вие и вашиот поранешен партнер ќе пронајдете нови љубовни партнери со кои ќе бидете многу посреќни. Немојте да бидете огорчени, одмаздољубиви и немојте да ги следите сите негови подвизи на Facebook. Кога е готово, готово е и нема враќање назад.

Никој не се грижи за вашите грешки

Луѓето денеска се премногу загрижени за самите себеси, и немаат време да ги забележат туѓите грешки. Иако не сте ја избричиле левата нога или лошо сте го повлекле eyeliner-от, никој тоа нема да забележи. Никој не се грижи дали сте вечерале сами или сте отишле на кино сами, без друштво. Кога ќе кажете нешто глупаво пред толпа луѓе, големи се шансите дека вие ќе бидете единствените што на ова ќе се сеќава и постојано ќе го повторувате истото сценарио во својата глава. Нема никаква смисла да се оптоварувате со глупости – сфатете го ова што е можно поскоро.

Немојте да останувате со луѓето кои ве прават несреќни

Ова се однесува на лошите пријатели и уште полошо – на партнерите. Многу девојки остануваат во лоши врски само затоа што се плашат од осаменост. Она што тие не го сфаќаат е дека покрај партнер кој не се грижи за нив, или покрај лажни пријатели се дури и поосамени отколку што би биле сами со себе. Не трошете го вашето драгоцено време на погрешни и лоши луѓе.

Бидете благодарни за добрите пријатели

На училиште и на факултет ќе се стекнете со многу пријатели, но само некои од нив ќе останат со вас за цел живот. Можеби дури и само еден од нив. Лесно е да се дружите во периодот кога единствена ваша обврска е учењето, но животот носи поголеми проблеми и затоа често се разидуваме со пријателите. Ценете ги оние што секогаш ќе најдат време за вас – колку сте постари, толку и тие ќе бидат помалку!

Прифатете дека животот понекогаш ќе биде тежок

Ако еден ден е добар, не помислувајте дека тоа ќе остане така до крајот на животот. Сè добро и лошо доаѓа во циклуси – и никој тоа не може да го избегне. Животот е често неправеден; лоши работи ќе се случуваат без посебна причина, а понекогаш и ќе постои причина – важно е да правите разлика помеѓу нив. Доколку очекувате животот да биде бајка во која се ќе оди мазно, ќе се разочарате.

Престанете да се обидувате да бидете совршени

Можете да полудувате околу големината на вашите колкови, околу премногу малите гради, или преголемата влакнатост, но тоа нема да ви помогне да се чувствувате подобро. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе бидат непријатни, кои ќе ви кажат нешто лошо, можеби дури и ќе ве повредат, но тоа не значи дека нешто не е во ред со вас – тие се оние кои се плитки. Не дозволувајте вашата самодоверба да се сведува на тоа колку сте им сексуално привлечни на другите луѓе.

Немојте да бидете љубоморни на убавите / успешни девојки

Без разлика дали станува збор за успехот во училиштето или изгледот на некои од девојките – понекогаш ќе бидете пред некоја, а понекогаш и позади. Љубомората е чувство кое ја јаде и труе душата, а не менува ништо. Прифатете го фактот дека секогаш ќе постојат девојки кои се подобри и полоши од вас и не се занимавајте со тоа.

Штедете пари

Дури и доколку немате многу, осигурајте се секогаш да имате барем некаква заштеда. Убаво е да живеете од ден за ден, но уште поубаво е да си имате заштедено барем некои пари, кои ќе ви бидат одлични за “црните денови”. Дозволете си го она што ви се допаѓа, но бидете умерени и запаметете дека скромноста е доблест.

Патувајте!

Одврзете ја кесата за некое патување, тоа е еден од попаметните и подобри начини на кои би можеле да ги потрошите вашите пари. Спомените, знаењата и искуствата кои ќе ги соберете на патувањата ќе бидат непроценливи и ќе ги паметите цел живот. Фармерките ќе избледат, убавата скапа кожена јакна ќе излити, но спомените се оние кои се вечни.

Изедете вкусна пица (или хамбургер)!

Немојте да ги броите калориите или да се секирате премногу заради вишокот сало на стомакот – животот е премногу краток за да не си дозволиме да уживаме во добрата пица или хамбургер, се разбира доколку тоа не е претерано и секојдневно!

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.