Детоксикација на црниот дроб со исхрана
Црниот дроб е најзначаен детоксикациски орган во телото, централна ,,лабораторија,, на организмот, чие здравје не е лесно денес да се зачува, бидејќи на него негативно влијаат алкохолот, дебелината, вирусите, честото консумирање лекови и изложувањата на токсини. Кога црниот дроб ќе престане да функционира, страда целиот организам и затоа факторите за ризик за оштетување на овој орган треба да се елиминираат или барем да се сведат на најмала можна мера. Одбегнувајте алкохол, ослободете се од вишокот килограми, јакнете го организмот за да можете полесно да се носите со вирусите, а лековите кои ви се припишани зенмајте ги внимателно и под контрола на доктор.
На црниот дроб му е потребна детоксикација. Основната причина за негово чистење е насобирањето на разни токсини во организмот со тек на времето. Некои отровни материи се прилично очигледни, како што се пестицидите и нечистотиите во атмосферата, но некои ги произведува самото наше тело, а тие не се исфрлаат на соодветен начин. Сите тие токсини се насобираат со организмот и со тек на време предизвикуваат проблеми и доведуваат до тоа да не се чувствувате добро, но тоа е многу бавно и не можете веднаш да го откриете проблемот.
Како изгледа една диета за детоксикација на црниот дроб?
Диетите од ваков тип се осмислени така што да го ослободат телото од несаканите токсини. Меѓутоа, проблемот е во тоа што бараат да се откажете од одредени намирници. Дури и кога ќе заврши диетата, тие намирници постепено се враќаат во исхраната, додека оние кои не се здрави воопшто не се препорачуваат. Ваквите диети прават луѓето подобро да се чувствуваат, иако не постојат цврсти докази дека отровите се навистина исфрлени. Можно е подобрувањето да настапи поради исфрлањето на одредени намирници кои се штетни. Вистината е дека не постојат научни докази за повеќето детоксикациски диети. Намалувањето на тежината често е резултат на губењето течности и/или мускулна маса и обично тоа е привремено. Кога ќе се заврши диетата, килограмите се враќаат.
Некои истражувања наведуваат дека диетите за детоксикација се штетни на подолго време, затоа што така му се ускратуваат на телото неопходните минерали и минерали. Поради тоа голем број стручњаци препорачуваат добар, избалансиран оброк, кој е секогаш подобар од исфорсирана детоксикација.
Одлична храна за здрав црн дроб
Правилната исхрана е најважна за здрав црн дроб и здраво тело. Поради тоа треба да ги вклучите следниве намирници во својата секојдневна исхрана.
Јаболки – содржат високо ниво пектин и други хемиски супстанции кои ја поттикнуваат правилната работа на црниот дроб и чистењето на организмот.
Шпаргли – одличен диуретик се. Помагат во создавањето на урината, преку која телото приросно се чисти од отровите.
Брокула и карфиол – исто така содржат глукосинолат, антиоксиданс кој го поттикнува лачењето на ензими кои ги елиминираат отровите.
Корен од глуварче – одличен е за правење чај кој му помага на црниот дроб да ги разгрдаи мастите. Исто така помага да се произведуваат аминокиселините, кои се многу важни за процесот на детоксикација.
Лук – одличен извор на сулфур, алицин и селен, кои ,,работат,, на чистење на црниот дроб.
Грејпфрут – одличен извор е на витаминот Ц, глутатион и антиоксиданси, кои заедно го поттикнуваат производството на ензимите кои го ослободуваат телото од токсините, вклучувајќи ги и оние канцерогените.
Зелен чај – содржи специфични видови антиоксиданси, катехини, кои се познати по тоа што му обезбедуваат здравје на црниот дроб.
Куркума – зачин кој дава одличен вкус на јадењата, но исто така го поттикнува и производството на ензимите за детоксикација.
Ореви – содржат големи количини омега-3 масни киселини, глутатиони аминокиселини, што придонесува за чистење на црниот дроб и исфрлање на вишокот амонијак од организмот.