Дали знаевте дека можете да изгубите тежина, дури и ако јадете на секои два часа? Звучи неверојатно, но тоа е вистина.

Со детокс диетата која се базира на овошје, не само што ќе изгубите неверојатни 4 килограми за само три дена, туку ќе направите и детоксикација на организмот од штетните материи и ќе си го подобрите здравјето.

Овошната детокс диета всушност е многу едноставена, таа трае три дена, а за тоа време ќе јадете многу свежо овошје, зеленчук и помала количина на протеински намирници.

Речиси воопшто и да нема готвење, печење, или некоја посебна подготовка на храна. А тоа значи дека оваа детокс диета можете да ја држите и кога сте по цел ден на работа, на факултет или едноставно имате премногу обврски околу куќата и децата. Таа е одлична и за луѓето кои не се квалификувани за готвење, како и за искусни домаќинки. За да се подготват оброците не е потребно повеќе од 5-10 минути.

Овошната детокс диета е една од исклучително ниско-калоричните диети. Дозволениот дневен внес на калории е 900-1000 калории. Првиот ден на секои два часа, од утро до пладне, се пие протеински шејк, и веднаш потоа вода. За вечера, се јаде зеленчук и мала количина намирници богати со протеини.

Следните два дена, од утро до пладне, на секои два часа се јаде свежо овошје, а вечерата се состои од свеж зеленчук и мала количина намирници богати со протеини, или исто така, протеински шејк.

Порциите овошје се ограничени на околу 100 kcal, а дозволената количина на протеински намирници првиот ден е 100-150 гр. а во следните два дена околу 80 гр. Предноста на намирниците кои ја формираат основата на оваа диета е тоа што содржат малку калории, многу хранливи материи и долго време сте сити. Ако сте зависник од кафе, оваа диета нема лесно да ви падне. Имено, кафе, алкохол, млеко и млечни производи, чаеви, како и сите видови на сокови не се дозволени во овој режим на исхрана. Но, ако навистина сакате да се ослободите од дополнителните килограми, ќе ви биде утеха што диетата трае само три дена, а дава неверојатни резултати.

Исхраната заснована на свежо овошје и зеленчук ќе помогне вашето тело да се исчисти од штетните материи кои се собрале во текот на зимските денови, како и од адитиви, алкохол, брза храна и друга нездрава храна.

detox-dieta_1

Познато е дека овошјето е природен „чистач“ на организмот. Благодарение на богатството на хранливи материи кое ги содржи овошјето, во вашиот организам се разградуваат отровите. Водата и влакната, кои во изобилство се наоѓаат во овошјето, го подобруваат метаболизмот и помагаат побрзо да се исфрлат овие штетни материи.

Исто така, редовни оброци на секои два часа ќе го забрзаат метаболизамот, а со самото тоа ќе се забрза и губењето на килограмите. Истражувањата покажаа дека овошјето, особено ако се јаде во редовни интервали, помага во регулирањето на шеќерот во крвта.

Можеме да заклучиме дека, иако тоа е многу рестриктивно, ова мени има благотворно влијание врз целокупното здравје – ги чува бубрезите, црниот дроб, го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот.
За овошната детокс диета може да се каже дека е „машина“ за топење на масти. Она што ја прави оваа диета различна од другите диети, се протеинските намирници кои што имаат значајна улога во топењето на мастите. Оваа хранлива состојка е многу важна за хранење на мускулите и помага да се согоруваат мастите. Кога 72 часа јадете овошје, зеленчук и посни протеински намирници, вашето тело станува „машина“ која брзо ги топи мастите. Она што е важно, во процесот, вашата мускулна маса не се намалува. Исто така, истражувањата покажале дека овошјето има особено корисен ефект за губењето на масти околу половината.

Лицата кои не сакаат да вежбаат, ќе ги изненади веста дека, како резултат на намалениот внес на калории, со овошната детокс диета не се препорачува никаква физичка активност, дури ни онаа полесната како јога. Во спротивно, може да има контра ефект и наместо масти, вашето тело ќе почне да ја топи мускулната маса. Она што е особено важно за оваа диета е тоа што помага во отстранување на вишокот на течности од телото.

Што после диетата?

И покрај тоа што има благотворно влијание врз здравјето, овошната детокс диета не треба да се држи почесто од три до четири пати месечно и тоа никогаш не постојано. Значи, ако сакате да изгубите тежина повеќе од четири килограми, направете пауза од најмалку пет дена пред повторно да започнете со овој режим на исхрана. Во деновите на пауза од детокс диетата, како и во случај да сте ја постигнале саканата линија и имате намера да ја задржите, се препорачува балансирано мени врз основа на зеленчук, овошје, посно месо и риба, со намален внес на шеќер, јаглени хидрати и масти.

Детокс диета пример за дневна исхрана

ДЕН 1

од 8 часот до 16 часот на секои два часа се пие 180 мл. протеински шејк, веднаш потоа 250-350 мл вода
Вечера: 3-6 чаши салата од свеж зеленчук зачинет со 1-2 лажички маслиново масло или ленено семе, 100-150 гр. посно месо или риба (варени или печено без масло) или варени белки од јајце.

ДЕН 2 и 3

од 08 часот до 16 часот на секои два часа да се јаде порција свежо овошје (околу 100 kcal), а потоа веднаш се пие 250-350 мл вода.

Вечера: 3-6 чаши салата од свеж зеленчук, зачинети со 1-2 лажички маслиново масло или ленено семе, 180 мл. протеински шејк, 80 г посно месо или риба (варено или печено без масло) или варени белки од јајце.
Првиот ден од диетата се пие само протеински шејк кој помага во топење на масните наслаги. Овој пијалок е замена за оброк, може да се купи во аптеките и подобро снабдените супермаркети, и постојат неколку видови и вкусови.

Пред купување внимателно прочитајте го составот, бидејќи шејкот кој се препорачува во оваа диета не треба да ги содржи следниве состојки: протеини од млечно потекло (казеин, калциум казеинат и натриум казеинат), вештачки засладувачи (аспартам, ацесулфам калиум и сукралоза), бел и жолт шеќер , фруктоза, како ни вештачки бои и ароми.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.