Депресијата може да предизвика бројни проблеми, вклучувајќи недостаток на сон и високо ниво на стрес.

Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг во Јута, САД, одлучиле да истражат дали постои поврзаност помеѓу депресијата и проблемите со помнењето. Проблемите со помнењето и мешањето на спомените настанува кога поединецот не е во состојба да прифати никаква информација поради претходните мисли или спомени.

Професорите Доналд Шелтон и Брок Кирван спровеле тестирање над 98 возрасни. Учесниците, потполнувајќи прашалници, морале да го оценат, покрај бројните аспекти од својот живот, нивото на анкциозност и депресија. Го забележувале и квалитетниот сон и колку вежбале. Истражувачите забележале дека депресивните поединци имале полоши резултати на другите тестови. Ним на екран им биле презентирани познати и непознати предмети. Оние кои пателе од депресија имале проблем да разликуваат слични објекти.

Стручњаците наведуваат дека е важно да се знае дека тоа не значи дека патат од амнезија, туку веројатно се работи за недостаток на дел од помнењето како резултат на лошото ментално здравје. Научниците се надеваат дека резултатите од оваа студија ќе помогнат во пронаоѓањето на подобра терапија за оние кои патат од депресија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина