Деловите на кои се дебелеете ги откриваат здравствените проблеми
Додека на повеќето луѓе слаба точка за упорните тврдокорни маснотии им е стомакот, жените најчесто имаат проблеми со насобирање на сало на колковите. Овие маснотии не се само показател за забавување на метаболизмот и за премногу внесување калории, туку зборува и за здравјето и за прехранбените навики на човекот. Иако самата градба на телото во најголема мерка е условена со генетиката, распределбата на маснотиите ни кажува повеќе за нашето здравје отколку што мислиме, покажале опсежните анализи на нутриционистичките студии.
Авторот на светски прославениот режим на исхрана “Clean&Lean” и личниот тренер на бројни модели, Џејмс Дуган, вели дека погрешната исхрана, нерамнотежата на хормоните, стресот и токсините диктираат каде ќе се трупаат маснотиите.
– Мит е дека не може да се острани самото од проблематичните места, но за тоа треба да се открие причината за неговото насобирање и да се одреди вистинскиот тренинг и исхрана – истакнува Џејмс Дуган.
Само на стомакот
Стомакот е вашето проблематично место ако тој изгледа дебело и надуено и ако ни по поголемо губење на телесната тежина тој не е рамен, а при секое дебелеење тоа прво го забележувате на стомакот.
Причината за насобирање на маснотиите на стомакот е најчесто стресот, покажала студијата на Универзитетот Јејл.
Тие исто така откриле и дека втора најчеста причина за натрупување сало на стомакот е нерамнотежата на цревните бактерии.
Решение: Добра вест е што за ослободување од маснотиите на стомакот не треба пренапорно да вежбате, бидејќи интензивните аеробни вежби ќе го засилат лачењето на кортизолот. Смирувачките вежби како долги прошетки, јога и пилатес ќе го нападнат салото на стомакот и ќе го намалат стресот.
Белиот леб, тестенините, слатките и цитрусното овошје и алкохолот дуваат и ги хранат цревната бактерии, па јадете ги во што помали количини. Протеините како пилешко, риба, зелен зеленчук како и овошје богато со влакна, како компир, маслинки и цвекло ја забавуваат апсорпцијата на шеќерите низ цревата и го стимулираат варењето.
Силни листови на нозете
Ако листовите на нозете ви се речиси со еднаква ширина како и колковите, имате потешкотии да најдете соодветни чизми, често патите од несоница и нозете ви се понекогаш тешки, вашето проблематично место се листовите.
Отеченоста и тежината во листовите најчесто се последица од недоволно одморање на нозете, прекумерно внесување сол во исхраната, будење сред ноќ и недоволна количина длабок сон.
Решение: За да постигнете длабок сон и поквалитетно да се наспиете, три часа пред легнување одбегнувајте било каков облик на јагленохидрати и шеќери. Кофеинот од чајот и кафето може да доведе до задржување на вода во листовите, но исто така и да го попречи сонот.
Сало на грбот
Маснотиите кои се насобираат на грбот почеста појава е кај жените, кои можат да ги забележат при зарезување на прерамките во кожата на грбот. Оние кои се склони кон маснотии на грбот можат да забележат и насобирање сало во близина на пазувите. Ова насобирање на маснотии кажува дека телото отежнато ги вари јагленохидратите.
Решение: Максималната редукција на јагленохидратите во исхраната и замената на белиот леб со она со цело зрно житарки ќе помогне во намалување на овие маснотии.
Маснотии на рацете
Насобирањето на сало на надлактиците и растресените раце кои ги забележувате и при мало нишање се показател за проблематично подрачје. Ако тешко можете да го намалите обемот на своите раце, а тие се први на кои го забележувате дебелеењето, веројатна причина за вашиот проблем е натрупување на токсини во телото.
Оние кои имаат поголеми количини бисфенол А во организмот, имаат склоност кон насобирање маснотии на рацете, покажала неодамнепнта американска студија.
Решение: Наместо пластични шишиња и садови, користете стаклени или други материјали. Одлично решение за елиминирање на салото од рацете е Бикрам јогата, која вклучува вежбање во простории со зголемена влажност на воздухот и температура.
Таа ќе го забрза процесот на потење, а со самото тоа доаѓа до елиминирање на токсините.
Надуени образи
Ако имате кружно лице, подбрадок и ако првите знаци на дебелеење ви се јавуваат на лицето, најверојатна причина за тоа е задржување на водата.
Чест следбеник на маснотиите на лицето е она на вратот, а причина е прекумерното консумирање алкохол. Алкохолот ја дехидрира кожата, а дехидрацијата поврзана со алкохолот предизвикува задржување на водата во делот на лицето.
Решение: Намалете го внесот на алкохолни пијалоци и поттикнете ја циркулацијата на тој дел со лесни кружни масирања неколку пати во денот. Започнете од носот и масирајте кон надвор во правец на ушите.
Јавачки колкови
Ако имате тесна половина и силни колкови, па секогаш купувате облека со помал конфекциски број за горниот, а поголем за долниот дел од телото, тогаш имате класична крушовидна градба на телото.
За овој тип на дебелеење најодговорна е генетиката, a предност е тоа што луѓето со оваа градба на телото се помалку склони кон срцеви болести.
Решение: Одбегнувањето соини производи е единствената работа во исхраната која можете да ја замените за да го намалите мастите на тој дел од телото.