Истражувањето спроведено под водство на професори од Копенхаген покажало дека лошите навики на татковците можат да се пренесат врз потомството – и тоа по пат на спермата. Кажано понаку, истражувањето всушност докажало дека децата на дебелие мажи имаат поголеми шанси да бидат исто така дебели. Истражувачите за таа цел ги проучувале примероците сперма од дебели и од слаби татковци и притоа забележале големи разлики кај оние гени кои го контролираат апетитот. Освен тоа, истражување било спроведено и врз спермата на дебели мажи кои биле подложени на операција на желудникот, односно вградување на бајпас. Во споредба со примероците пред и по операцијата, се покажало дека дури 1,509 гени на ДНК се промениле една недела по операцијата, додека по една година тој број се зголемил на речиси четири илјади.

Се планира дополнително истражување

Истражувањето било спроведено кај 12 слаби и 12 дебели мажи, а истражувачите нагласиле дека мислеле дека ќе пронајдат гени поврзани со метаболизмот, додека не сметале дека ќе наидат на оние кои влијаат врз обликувањето на мозокот кај потомците.

 

Дебелите мажи имаат во себе запишани информации кои можат да се пренесат врз нивните деца и кои можат да влијаат врз нивните прехранбени навики. Овие информации можат да се променат ако тие ослабнат. Нашето истражување не покажува што точно се пренесува врз децата, но можно е она што се пренесува да влијае врз развојот на мозокот и однесувањето на потомците – истакнал еден од авторите на истражувањето, Роман Барес.

 

За да можат да се потврдат резултатите од истражувањето, се планира ново истражување на ембрионите на татковците со различна телесна тежина. Додека не се потврди истражувањето, секако е важна грижата за сопственото здравје, но и за здравјето на идните генерации.

 

Стресот е една од причините за прекумерната дебелина, а доењето до шест месечна возраст е еден од начините со кој може да се сопре дебелината кај децата.

 

 

Тагови: дебелина
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина