Иако долго време се сметало дека дебелината е исклучиво последица од нерамнотежата помеѓу внесувањето на калории и потрошувачката, поточно од количината на земена храна и степенот на физичка активност, денес се знае дека оваа болест не е само здобиена, туку и вродена – наследна. Истражувањата покажале дека дебелината е, пред се, генетско нарушување, но проблемот е во тоа што кај најчестите форми на дебелина учествуваат многу гени, но секој со мал процент.

Се уште не се знае колку кој ген придонесува за настанување на дебелината. Да речеме, истражувањата покажале дека ФТО генот има најголем ефект од досега познатите гени во разјаснувањето на генетската основа за дебелеењето и на него отпаѓаат 0,34 % од генетиката за нашата телесна тежина. Оние кои го имаат тој еден променет ФТО ген, имаат за 1,67 пати поголем ризик да бидат дебели отколку оние кај кои овој ген е нормален. Доколку, пак, имате различни променети облици на овој ист ген, бидејќи секој ген има свој пар, ризикот да бидете подебели е за трипати поголем. Точниот молекуларен механизам на ФТО генот што доведува до појава на дебелина уште не е познат, но се знае дека ја контролира потрошувачката на аминокиселините, кои меѓу другото се користат и како градежен и како енергетски материјал. Дебелина може да се појави и во склоп на некои болести, како што е менталната ретардација, аномалијата на бубрезите и бубрежните функции и слично. Но, ова се ретки болести на дебелина. Најчесто е полигенски условена, што значи дека не е виновен само еден ген. Денес се знае дека од 40% до 70% од варијациите во телесната тежина зависат од генот, а не од храната. Молекуларната генетика досега успејала да докаже и да разјасни нешто помалку од 2% од генетиката за дебелеење. Тоа значи дека недостасуваат 68% од генот. Сепак, не е доволно само да се имаат одредени гени кои доведуваат до дебелеење. За нивно активирање мора да постои некој поттикнувач од надворешната средина, а тоа може да биде висококалорична храна, климатските услови во кои живееме и слично.

 

debelina-geni12

 

Факт е дека нашиот генотип не се има сменето позначајно во последните 100 години, можеби и подолго. Се наметнува прашањето, зошто токму сега се има појавено епидемијата на дебелеење и како сме се прилагодиле, ако имаме исти гени?

Епигенетиката подразбира дека на некој начин доаѓа до модулација, промени во активноста на гените, при што не доаѓа до промена на нивната структура. Постои начин да се промени функционирањето на гените, а тие да останат притоа сосема исти. Епигенетиката е под влијание на факторите кои влијаат на фетусот непосредно пред крајот на самата бременост и по породувањето, и може да доведе до тоа да станеме дебели.

Под влијание на епигенетиката една изолирана популација на островот Науру се адаптирала и било забележано дека нема дополнително зголемување на инциденцијата на дебелеењето. Епигенетиката може да биде решение за епидемијата на дебелеење. Сепак, ако родителите се дебели, тоа не значи дека и нивните деца ќе имаат проблем со вишокот на килограми. Но, кога станува збор за општи типови на дебелина, сепак поголем е ризикот децата на дебелите родители да бидат дебели.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина