Ако веќе презриво велите: “Ma, каков лубрикант!и вртите со главата, треба да знаете дека 70% од мажите го користи ова ,,помагало,, за време на мастурбацијата и пенетрацијата, бидејќи сексот е така уште попријатно. Освен тоа, повеќе од 2.000 жени велат дека сексот е подобар кога се користат лубриканти.

Ако не сте пробале, дајте им шанса, но внимавајте затоа што овие пет грешки луѓето најчесто ги прават кога користат лубриканти.

Не, ако сакате бебе

Лубрикантите на база на вода, силикон или масла влијаат на спермата. Поточно, една студија покажала дека ,,подмачкувачитевлијаат на споосбноста на “пливачите”, па така се помали шансите за жената да забремени. Тоа, секако, не значи дека ако не сакате бебе, можете да користите лубриканти наместо кондоми. Кога сперматозоидите се обидуваат да преживејат, потребно им е соодветно опкружување. Уролозите предупредуваат дека лубрикантите ги спречуваат сперматозоидите да ,,отпатуваат,, доволно длабоко во вагината и да го оплодат јајцето. Освен тоа, тие нагласуваат дека многу лубриканти содржат состојки кои ги убиваат сперматозоидите. Ако сакате да добиете бебе, а сакате да користите лубрикант, одберете ги оние кои не влијаат на плодноста, како беби масло или масло од канола, кои не влијаат негативно на спермата.

Маслени лубриканти и кондоми

Лубрикантите на база на масла се подолготрајни од оние на база на силикон или вода, велат експертите за секс. Меѓутоа, овие ,,подмачкувачи,, никако не се добра комбинација со презервативите, бидејќи го ослабнуваат латексот од кој е направен презервативот и може да доведат до негово пукање, а тоа е последното нешто кое сакате да ви се случи.

Освен тоа, уролозите велат дека се поголеми шансите кај жените да се појави некаква иритација или инфекција кога се користат маслени ,,подмачкувачи,,, отколку некои други. Тој предлага да одберете лубриканти на база на вода или силикон, за да одбегнете изненадувања во вид на пукање на презервативот.

На крајот, верувале или не, некои луѓе наместо лубриканти користат шампони и други козметички производи, како и лосиони за ладење. Тоа не смеете никогаш и никаде да го правите, иако тоа можете и сами да го заклучите, бидејќи шампоните се за надворешна употреба, не за внатрешна, а лосионот за ладење на гениталиите нема да биде ни малку пријатен. Напротив, ќе се чувствувате како некој да ви ја запалил интимната зона, бидејќи кожата долу е премногу чувствителна за ваквите производи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина