Квасецот е едноклеточна габа, поточно состојки од едноклеточна габа. Овие организми се толку мали, што стотици милиони, ако не и милијарда, ќе ги собере во една лажичка. Тоа е првото припитомено животно во историјата на човештвото. До сега во историјата е регистрирано егзистирањето на повеќе од 1000 разни видови диви квасци. Природниот квасец може да се најде насекаде околу нас – во воздухот кој го дишеме, на листовите и плодовите од растенијата, на кората од дрвјата… секој од нас го има забележано ледено белиот фил на плодовите грозје, но ретко кој помислил дека тоа може да биде природен квасец. Секој вид квасец има различен вкус. Некои се многу кисели, некои се умерено кисели, а некои не се воопшто кисели.

До 19 век природниот квасец бил единствениот познат квасец на планетата. Тоа било се до 1857 година, кога Луј Пастер не открил дека тестото ,,расте,, благодарение на дејството на токму овие живи организми – квасец.

Денешниот прехранбен квасец (Saccharomyces cerevisiae), е богат извор на протеини, витамини, ензими и други важни материи. Неговото име потекнува од грчкиот јазик и се состои од зборовите “saccharo” што значи шеќер и “myces” – габа, додекав“cerevisiae” потекнува од латинскиот јазик и значиод пиво,,.

Има карактеристичен пријатен, но никако кисел или горчлив вкус. Од него се добива сувиот квасец.

Квасецот е едно од најефикасните средства за сузбивање на авитаминозата. Најчесто се употребува за лекување на дерматоза (разни заболувања на кожата), бидејќи е богат извор на витамини Б комплекс. Поради неговиот видлив позитивен ефект, многу се популарни маските за лице, во чиј состав е токму тој. Витаминот Б помага и во намалување на стресот, спречува настанок на рак на панкреасот и го одржува метаболизмот здрав. Со своите 18 аминокиселини, тој е комплетен протеин, и поради тоа е одличен за исхраната на вегетаријанците. Освен овие наведени компоненти, квасецот содржи важни ензими како алимаза, малтаза, дектриназа, инвертин, липаза, геназа и зимаза. Ензимите се специфична група на протеини кои учествуваат во многу витални процеси во организмот. Содржи и гликоген, поради што и има сладок вкус и е многу хранлив. Може да се каже и дека е многу важен извор на нуклеинска киселина, која учествува во складирањето на генетичките информации. Тоа значи дека е важен елемент кога станува збор за репродукцијата. Покрај тоа, во квасецот има 15 минерали, од кои вреди да се споменат бакарот, манганот, молибденот и железото. Со тоа, овие малечки едноклеточни габи од кои е составен квасецот го поттикнуваат производството на крвта, ги подобруваат здравјето и функцијата на црниот дроб, го одржуваат нивото на холестерол во оптимални граници, обезбедуваат идеална цревна флора и го ублажуваат чувството на замор.

Благодарение на високата содржина на минерали и олигоелементи благодарение на нормалното функционирање на сите процеси во организмот, квасецот е извонреден додаток на природната храна. Магнезиумот во него делува против стресот, калциумот против остеопорозата, железото против анемијата и други заболувања.

Покрај се наведени, познато е од дамнина прекрасното негово дејство при јакнење на забите, косата и ноктите. Потоа делува антиканцерогено, а делува и на здравјето на црниот дроб, бидејќи ја чисти крвта од токсините, а исто така и ги ублажува предменструалните и климактерични тегоби.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина