Полно преносливите, односно венеричните болести демнат од сите страни! Затоа многу е важно да бидете сигурни со кого одите во кревет. Њујоршкиот гинеколог Алиса Двек, авторка на книгата ,,В е за Вагина,,, во која открива каде се можат да се кријат вирусите и паразитите од кои сите ние, и мажите и жените, треба да ги избегнуваме во широк круг.

Факт е дека некои сексуално преносливи болести може да ги добиете дури и ако не сте имале секс. Несоодветната хигиена, валкани крпи, но и солариумот, се само некои од начините да ги добиете следниве преносливи болести, чии симптоми се исклучително непријатни, а лекувањето главно се врши со антибиотици.

ХПВ

Ова е една од болестите кои можат да се пренесат и без секс. ХПВ се пренесува преку кожата, било некој да ја допре брадавицата или областа околу неа. ХПВ доаѓа во разни облици, од кои некои можат да предизвикаат генитални брадавици, додека други можат да предизвикаат преканцерогени лезии. Дури и не мора да биде во облик на брадавици за да се заразите, бидејќи вирусот може да се шири и пред да се прошири низ телото.

Брадавиците понекогаш се јавуваат и на други делови од телото, како што се прстите. Иако брадавиците можат да се отстранат, вирусот и понатаму може да остане во организмот и повторно да се активира.

Molluscum contagiosum

Иако технички се работи за вирусна инфекција, а не за полно пренослива болест, се поголем е бројот на жени кои имаат зголемени грутчиња со кратери на интимните делови од телото. Оваа болест обично се пренесува преку кожата или преку креветите во солариумите. Иако грутчињата не се болни, откако ќе добиете една, можат да се прошират. Позитивно е тоа што кога еднаш ќе се ослободите од вирусот, инфекцијата обично не се враќа.

Трихомонијаза

Оваа болест не е многу позната, но потребна е внимателност, бидејќи вирусот може да преживее на нежив предмет значително долго време откако ќе го допре заразената личност. Може да се појави во облик на вагинална инфекција кај жените, со секрет со непријатен мирис, проследен со чешање и иритација. Може да се пренесе преку предмети, како што е користењето крпи или долна облека, предупредуваат докторите. Се лекува со антибиотици.

Херпес

Често пати оваа е првата инфекција на која луѓето помислуваат при спомнувањето на полно преносливи болести. Затоа е значително алармантно откритието дека може да се пренесе на некои многу невини начини. Херпесот може да се пренесе со бакнеж или користење на валкан жилет, па дури и преку немиени садови, иако тука ризикот е многу помал.

Иако постојат два вида херпес – HSV-1 и HSV-2, докторите не прават голема разлика помеѓу нив. Некогаш HSV-1 се сметал за орален, а HSV-2 за генитален тип, но денес таа разлика е помалку важна. Освен фактот дека типот 1 обично не се враќа, а типот 2 почесто се повторува, и двата типови можат да се појават секаде на телото. И, иако херпесот може да биде асимптоматски, раните околу усните се сигурен знак за оваа вирусна инфекција, додека раните на гениталите исто така можат да укажат за херпес.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина