Витамините и минералите кои ги внесуваме со храната се могу важни за правилно функционирање на организмот, бидејќи учествува во сите биохемиски процеси. Забрзаното темпо и модерниот начин на живот честопати не остава доволно време за правилна исхрана, што доведува до замор, недостиг на енергија, а понекогаш и до појава на други тегоби и нарушувања на здравјето. Поради тоа понекогаш е потребно да се надомести недостигот на неправилната исхрана со витамински суплементи. Меѓутоа, треба да се внимава при земањето на било какви витамини.

При земањето на било какви витамини треба да се внимава многу. Прекумерното внесување може да ја наруши природната рамнотежа, додека некои витамини (А, Д, Е и К) можат да бидат токсични. Сепак, повеќето од нив се раствораат во вода и организмот ги излачува преку урината. Во секој случај, најдобро би било пред земањето на витамински додатоци да се посоветувате со вашиот доктор.

Симптоми

 

 

Замор

Недостиг: Железо
Други симптоми: лоша концентрација, лош апетит, лоша кожа, темни подочници
Добри извори: црвено месо, јајца, зелен зеленчук

Чувствителна кожа

Недостиг: Цинк
Други симптоми: споро зараснување на раните, бели точки на ноктите
Добри извори: јаткасти плодови, семки, интегрални житарки, сардини и црвено месо

Проблеми со варењето

Недостиг: Витамин Б3
Други симптоми: мускулна слабост, губење апетит и разни кожни проблеми
Добри извори: немасно месо, риба и јаткасти плодови

Грчеви во рацете и стапалата

Недостиг: Витамин Б6
Други симптоми: воспаленија на кожата, несоница и ПМС
Добри извори: кафеав ориз, авокадо, банани и пченка

 

Опаѓање на косата

Недостиг: Витамин Б9
Други симптоми: лупење на кожата, губење апетит, бледило и замор
Добри извори: бубрези, црн дроб, мешунки, авокадо, јајца, риба, целер и репка

Трнење во рацете и нозете

Недостиг: Витамин Б12
Други симптоми: губење на тежината и болки во грбот
Добри извори: внатрешни органи, млечни производи, јајца и риба

Чести инфекции

Недостиг: Селен
Други симптоми: чести заболувања и болки
Добри извори: јаткасти плодови, лук, јајца, печурки

Анкциозност

Недостиг: Магнезиум
Други симптоми: иритабилност и нервоза
Добри извори: спанаќ, бадеми и леб од цели зрна житарки

Рани во устата

Недостиг: Витамин А
Други симптоми: чести настинки, перут, сува кожа, коса без сјај, склоност на акни
Добри извори: црн дроб, јајца, сирење и јогурт

Изразени вени

Недостиг: Витамин Ц
Други симптоми: сколност на инфекции, склоност на крварење
Добри извори: овошје и зеленчук, посебно цитруси и шипка

Влошен вид

Недостиг: Витамин Е
Други симптоми: пецкање и губење на сетилото во рацете и нозете, азоспермија и склоност на инфекции
Добри извори: растителни масла, ореви, морски плодови и авокадо

Прерана појава на бели влакна

Недостик: Бакар
Други симптоми: испукани врвови на косата, висок крвен притисок, неплодност и срцева аритмија
Добри извори: црн пипер, морски плодови и какао

Чести вртоглавици

Недостиг: Железо
Други симптоми: раздразливост, тромост, забрзани срцеви отчукувања и лоша концентрација
Добри извори: црвено месо, пилешко, суво овошје

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина