Болестите како што се остеопороза, слаб имунитет, засилена или намалена работа на срцето, дерматитисот, можат да бидат предизвикани од недостаток на есенцијални минерали. Извор на минерали во природата е земјата, од каде што тие влегуваат во водата, растенијата и животните кои ние ги користиме во исхраната. Лошата исхрана е најчеста причина за недостаток на минерали во органзмот, и најчесто чувствуваме недостаток на железо, јод и калциум. Така, на пример, доколку ви се случува при пад коските лесно да ви се скршат, без сомнение треба да го проверите нивото на калциум во крвта.

Постојат 14 есенцијални минерали и олигоелементи, а тоа се: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум, железо, цинк, флуор, бакар, хром, манган, молибден, селен и јод.

Калциумот е најзастапениот минерал во организмот, а најголем дел, секако, се наоѓа во коските.  Иако играат важна улога во организмот, прекумерното внесување на некои минерали може да има штетни последици, велат експертите.

Магнезиум (околу 300 mg)

Недоволно внесување: причини за висок крвен притисок и проблеми со срцето

Извор во храната: ореви, соја, какао, грав, грашок, месо

Натриум (1300-1500 mg)

Ефект: Ја одржува рамнотежата на вода во телото, го регулира крвниот притисок

Недоволно внесување: предизвикува замор, гадење и грчеви во мускулите

Извор во храната: Кујнска сол, преработени намирници, житарки, овошје, лиснат зеленчук

Флуор (3,4 mg)

Дејство : Го спречува настанувањето на кариес

Недоволно внесување: предизвикува пожолтување на забите и усната шуплина

Извори: чај, риба, пасти за заби, води за испирање на устата

Фосфор (800 mg)

Дејство: учествува во формирањето на коските и забите, апсорпцијата на глукоза, транспортот на масните киселини

Извор: месо, риба, жолчка од јајце, млеко и млечни производи

minerali_2

Цинк (до 15 mg)

Дејство: тој е неопходен за раст, делба и созревање на клетките кои се вклучени во формирање на коските и видот

Недоволно внесување: предизвикува дерматитис и слаб вид

Извор: месо, морски плодови, житарки, ореви, семки од сончоглед и тиква

Селен (макс. 400 mcg)

Дејство: помага во формирањето на спермата, ги штити клетките од оштетување и ја регулира функцијата на тироидната жлезда

Недоволно внесување: предизвикува мускулна слабост, забрзано чукање на срцето и слабеење на имунитетот

Извор: месо, риба, јајца и млеко.

Јод (макс. 1100 mcg / ден или 17 mg / kg / ден)

Дејство: неопходен за одржување на нормалното работење на метаболизамот, за растот и развој

Недоволно внесување: предизвикува зголемување на тироидната жлезда, а кај децата го забавува  растот и физичкиот развој

Извор: јодизирана сол, морски плодови, риба, морски алги; морска вода

Калциум (до 2 g – препорачана дневна доза)

Дејство: за правилна изградба на коските и забите, помага и за правилно функционирање на мускулите

Недоволно внесување: рахитис кај децата и остеопороза кај возрасните

Прекумерно внесување:  доведува до камен во бубрегот, хиперкалцемија

Извори: млеко, јогурт, сирење, сардини, мешунки и житарки, зеленчуци од семејството на зелки

Железо (макс. 40 mg за деца и 45 mg за постари од 14 години)

Дејство: транспорт на кислородот низ телото

Недоволно внесување: доведува до анемија

Прекумерно внесување: предизвикува проблеми со срцето

Извори: црвено месо, јајца, црн дроб, морски плодови, грав, црвен пипер

Бакар (2-6 mg)

Дејство: Помага при формирањето на црвените крвни зрнца и циркулацијата

Недоволно внесување: ниското ниво води кон проблеми со циркулацијата

Извори: козји црн дроб, индиски оревчиња, семки од сончоглед, пченични трици, интегрални производи

Хлор (околу 2000 mg)

Дејство: корисен за здравјето на нервниот систем, мускулната функција, рамнотежата на водата во крвта и ткивата

Недоволно внесување : доведува до слабеење на мускулите, неправилна работа на срцето, ја нарушува бубрежната функција

Извор: брокула, компир, сок од портокал, зелен лиснат зеленчук, банани, домати

Калиум (до 2000 mg)

Дејство: го одржува крвниот притисок

Недоволно внесување: предизвикува напнатост, умор и забавено отчукување на срцето

Прекумерно внесување: доведува до хипертензија

Извори во храната: портокали, банани, кикирики, грашок, спанаќ