Магнезиумот помага за подобро да спиете, да го намалите ризикот од егземи, инфаркт и срцев удар, а неговиот недостаток може да биде кобен за организмот. Неговиот недостаток се покажува во вид на замор, грчење на мускулите, анкциозост, несоница и депресија. Намирници кои се богати со овој витамин, како што се црната чоколада, зелениот зеленчук, оревите, скушата, лососот и житарките, можат да обезбедат доволно магнезиум, но може да го земате и како додаток во исхраната, во вид на пилули, и така да спречите многу опасни заболувања.

 

Стручњаците истакнуваат дека секојдневно треба да земате помеѓу 375 и 400 милиграми магнезиум. Апсорпцијата на овој витамин ја спречуваат кофеинот, алкохолот, газираните пијалоци и брзата храна, а неговото консумирање е неопходно и за регулација на високиот крвен притисок и за јакнење на коските.

 

Истражувањата докажуваат дека срцевите пречки усмртуваат поголем број луѓе од малигните заболувања, а еве како можете да препознаете симптоми на слабо срце и да си го спасите животот.

 

Срцевата исуфициенција или слабост на срцето настанува кога овој мускул не може правилно да ја пумпа крвта, а тоа се случува кога е срцето значително оштетено и честопати закочено. Оваа состојба не значи дека срцето веднаш ќе престане да чука, но последиците можат да бидат кобни ако симптомите не се препознаат на време и ако на мускулот не му се даде поддршка. Проблемите со работата на срцето се воглавно предизвикани од стрес, долгорочна анемија, висок крвен притисок, нагла промена на темпрературата и од веќе воочени срцеви маани. Главни симптоми кои укажуваат на оваа состојба се недостиг на здив, чест замор, отекување на нозете и зглобовите, брзи отчукувања на срцето и нагло зголемување или намалување на телесната тежина. Ако веќе извесно време ве мачи оваа комбинација на симптоми, требате да се обратите веднаш на кардиолог.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина