Често ви крцкаат зглобовите при станување или за време на вежбање? Дали треба да се загрижите поради тоа? Стручњаците велат дека се работи крепитација. Во повеќето случаи, ако зглобовите крцкаат, но не болат, тогаш тоа е крепитација која во медицината означува крцкање на зглобовите.

Иако не се работи за опасна појава, на некои тоа им звучи застрашувачки. Исто така, ако крцкањето стане зачестено, треба да направите контрола. Крцкањето на зглобовите не бара некое посебно лекување, но докторите обично советуваат да не го предизвикувате намерно, бидејќи некои луѓе развиваат непотребна навика за растегнување на зглобовите. Крцкањето на зглобовите обично е поврзано со лабавоста на зглобовите. Постојат неколку причини поради кои крцкаат зглобовите при изведување на различни вежби за слабеење или оддржување на телесната кондиција. На пример, звукот на крцкање во рамењата е поврзан со годините. Ако имате помалку од 35 години, крцкањето е знак за нестабилност и опуштеност на тетивите на сврзното ткиво. Ако лактот ви крцка при движење или ако крцкањето е следено со болка, или привремена блокада, постои можност низ зглобот да шета парче коска или рскавица.

Силен и кус звук на крцкање на колковите е најчеста појава, а се случува кога дебелите снопови на тетивите кои ја поддржуваат ногата ќе се преместат на надворешната срана на бедрената коска. Иако ова знае да биде многу болно, не треба да се грижите, бидејќи не е опасно и е многу честа појава кај младите жени. Решението е истегнување.

Крцкањето на глуждовите е најчесто последица од постари повреди како што се исчашувања или свиткување. Колената, на пример, крцкаат за време на чучнување, бидејќи ги оптоваруваме со тежина која е за седум пати поголема од нашата вкупа телесна тежина. Решението е јакнење на мускулите на колената.

Најчеста причина за крцкањето на зглобовите на вилицата се стрес и напнатост и чкртање на забите во текот на спиењето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина